Достапни линкови

Се уште турканици за вадење лични документи


Лична карта
Лична карта

Министерството за внатрешни работи го зголеми капацитетот на повикувачкиот центар, договорена е набавка и на нова машина, но и натаму граѓаните чекаат со месеци за вадење на нови документи, пасоши и лични карти. Од МВР велат дека мерките малку го намалиле метежот, но признаваат дека се уште има проблеми кои треба да се решат.

Новите биометриски лични карти и пасоши и натаму им создаваат главоболки на граѓаните. Најдолги редици има кај оние шалтери на Министерството за внатрешни работи каде граѓаните треба да ги подигнат нивните готови личните документи. Граѓаните велат дека чекаат и по неколку часа да го добијат својот пасош или лична карта а некои се жалат и дека дошле залудно, бидејќи нивните не ни биле готови.
,Катастрофа, чекај, чекај два саата и после излегоа со извештај и ни рекоа, пасошот не ви е готов. Не е во ред, не е убаво


„Катастрофа, чекај, чекај два саата и после излегоа со извештај и ни рекоа, пасошот не ви е готов. Не е во ред, не е убаво.“

„Јас чекам два саати во ред и конечно еве ја земав личната карта.“

„Тука е хаос, чекам два и пол саати за лична карта, по брза постапка, уште чекам и незнам дали ќе ја земам.“

Министерството, за да се справи со метежот, го зголеми капацитетот на повикувачкиот центар. Аплицирањето за лични карти е преместено во поранешните простории на полициска станица „Беко“ а во просториите на управните служби се аплицира за пасоши.
Со пристигнувањето на оваа машина во Република Македонија би требало да се зголеми капацитетот за производство на лични документи, што веруваме од друга страна ќе придонесе и за намалување на оној период на чекање кога граѓаните чекаат за добивање на термин
Одвоени се и просториите каде граѓаните ќе можат да ги добиваат готовите документи. Одложувањето на рокот за замена на старите лични карти и мерките кои ги спроведовме го намалија метежот, но сеуште имаме проблеми кои треба да се решат, вели потпаролот на МВР Иво Котевски.

„Метежите и поголемиот дел од проблемите кои што ги имаа граѓаните при аплицирањето и вадењето на нови лични документи, во голем дел се намалија. Состојбата е подобрена, но се разбира дека има уште многу да се подобрува се додека не им се излезе во пресрет, во целост на граѓаните.“

Пред околу еден месец Министерството договори набавка на уште една машина за изработка на биометриски лични документи, која треба да биде во функција до крајот на јуни, вели Котевски.

„Со пристигнувањето на оваа машина во Република Македонија, би требало да се зголеми капацитетот за производство на лични документи, што веруваме од друга страна ќе придонесе и за намалување на оној период на чекање кога граѓаните чекаат за добивање на термин.“

Според податоците на Министерството од почетокот на април во минатата година до крајот на февруари оваа година издадени се околу 630 илјади лични карти и над 670 илјади пасоши.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG