Достапни линкови

Турканици за лични карти


Турканите на шалтерите на МВР за вадење на лични документи. Некои од граѓаните добиле термин за да извадат нова лична карта дури во 2011-та година. Експертите велат дека МВР мора да ја подобри ефикасноста, додека од Министерството посочуваат дека проблемот е во лимитираноста на системот.

Новите лични карти, главоболка и за граѓаните, но и за вработените во МВР. За нова лична карта луѓе ќе чекаат и до 2011-та година. Истекувањето на законскиот рок за вадење нови лични карти, и визната либерализација се дел од факторите кои ги зголемеија редици на шалтерите, велат во МВР. Во повикувачкиот центар дневно се регистраат и до 10 илјади повици за закажување на термин за нова лична карта. Луѓето што ги затекнавме пред пасошкото одделение во Скопје се жалат дека ова им е дополнителен товар.
Ова е само давање пари, ништо повеќе

,,Ова е само давање пари, ништо повеќе."

,,Не е убаво, само трчање, давање пари, без потреба."
Станува збор за неорганизирана администрација која што на тој начин си ја дига својата цена, за да молите за нешто што ви следува, тоа е апсурдно

,,Без потреба е, на оваа сиромаштија уште и дупло давање пари."

Професор Ристо Картлов вели дека за да се зголеми ефикасноста на администрацијата во МВР треба да се преквалификуваат луѓето за да им излезат во пресрет на граѓаните.

,,Но, станува збор за неорганизирана администрација која што на тој начин си ја дига својата цена, за да молите за нешто што ви следува, тоа е апсурдно. Место тие да бидат сервис на граѓаните, ние треба да ,,коленичиме" пред шалтерите."

Потпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека Министертвото се обидува да им излезе во пресрет и на оние луѓе кои имаат закажано за лична карта во 20011-та, а старата им е неважечка. Според законот тие не можат да извадат нов документ по брза постапка, но со
Самиот систем е проектиран дневно да може да извади најмногу, максимум до пет илјади лични документи
измените се предложува старите лични карти им бидат важечки до добивање на нова.

,,Беа преземени низа мерки за надминување на проблемите и гужвите, но сепак останува фактот дека самиот систем е проектиран, без разлика на тоа колку граѓани би се прифатиле дневно за апликација, самиот систем е проектиран дневно да може да извади најмногу, максимум до пет илјади лични документи."

Котевски вели дека се разгледуваат можности да се подобри системот за да се зголеми капацитетот за изготвување на лични карти.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG