Турканици , чекање, нервозни луѓе и сето тоа само за да извадат лични докумнети, Чекаат за да добијат слободна линија и да се јават да закажат, потоа ако имаат среќа ќе им закажат дури за наредната година па чекаат за да поднесат документи. Луѓето што ги затекнавме пред пасошкото одделение во МТВ се жалат на хаосот. Сто луѓе, 1001 приказна, но на крај сите прашуваат: Зар мораше да се создаде ваков хаос, и на кого му одговара сето тоа?
„Ова само кај нас го има.“
„Нема списоци, нема ред.“
„Неорганизација на раководството, ова ми е трет пат како доаѓам.“
„Платив за итна постапка, а исто чекав месец дена, не знам зошто се создаваат турканици?“
Тоа беа приказните на луѓето кои ги анкетиравме. Вашите искуства, предлози и мислења, може да ги напишете на нашата интернет страница „макденес.орг“ во новата рубрика „Хајд парк“. За вадење документи по брза постапка се чека по најмалку две недели.
Еве до кај оди имагинацијата на луѓето за да дојдат до пари, наводно за пасош. Редовен слушател на нашата програма ни ја раскажа следнава приказна.
„Му отворив врата, и видов човек спремен да ми побара пари, го прашав за што се работи, за што му требаат парите. Тој ми вели, ми требаат пари да извадам пасош по итна постапка.“
Само за овој месец за добивање пасош по итна постапка закажале повеќе од 11, 250 луѓе, покажуваат податоците од Кол-центарот на МВР. Пасошот чини 4900 денари , што значи дека само од брзи пасоши МВР ќе собере околу 900 илјади евра. Од МВР велат дека, прават се за да ги намалат турканиците.
„Се случуваше во одредени денови да има и преку 10 илјади закажувања. Додека системот е проектиран да може дневно да процесуира максимум до пет илјади документи.“
А за тоа кога ви закажаа на вас за да добиети нови лични дикументи, колку врем чекавте и вашите коментари може да ги оставите во рубриката Хајд парк, на нашата интернет страница makdenes.org.
Кликнете тука за да учествувате во дискусијата на оваа тема