Достапни линкови

Нови телефонски линии за лични карти


Биометриска лична карта
Биометриска лична карта

Секторот за внатрешни работи во Куманово воведе телефонска линија преку која граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричино ќе се пријавуваат за закажување термин за поднесување барање и фотографирање за биометриска лична карта.

Секторот за внатрешни работи во Куманово воведе телефонска линија преку која граѓаните на Куманово, Липково и Старо Нагоричино ќе се пријавуваат за закажување термин за поднесување барање и фотографирање за биометриска лична карта. Со тоа ќе се намалат редиците и турканиците кои кај граѓаните предизвикуваат нервоза, како и времето на чекање за вадење нов документ, со законска обврска до 27 февруари идната година. Од трите наведени општини во најголемиот Сектор за внатрешни работи во Куманово треба да
Бројот е 072 335 230, а линијата ќе биде отворена од 8 и 30 до 16 часот секој работен ден за аплицирање за нова лична карта. СВР Куманово како една од поголемите во државата ќе издаде 80 илјади лични карти, што е голем број и мислам дека успешно ќе го извршиме тоа
бидат издадени околу 80 илјади нови лични карти. До сега се издадени околу 25 илјади. Љубомир Ѓурчески началник на СВР Куманово соопштува:

,,СВР Куманово воведе нова телефонска линија за аплицирање за нови лични карти. Бројот е 072 335 230, а линијата ќе биде отворена од 8 и 30 до 16 часот секој работен ден за аплицирање за нова лична карта. СВР Куманово како една од поголемите во државата ќе издаде 80 илјади лични карти, што е голем број и мислам дека успешно ќе го извршиме тоа. Затоа освен на два шалтера воведовме и базни станици и една подвижна базна станица за да се избегнат гужвите и за да може и другите служби нормално да функционираат."

Раководителот на Одделението за управни работи Горан Анѓеловски вели дека дневно се извршуваат по 160 фотографирања и се обработуваат барања.

,,Во изминатите два дена имаме поднесено илјада барања,по 500 дневно закажани термини до 6 декември."

Граѓаните кои во редиците чекаат за поднесување барање и фотографирање се жалат.
Саат и половина чекам

,,Гужва. Нема ред. Вчера имаше голема гужва."

,,Слабо иде. Саат и половина чекам."

,,Јас чекам од 9 и 30 часот, прашајте ги шефовите."

Оние граѓани кои најдоцна до 27 февруари идната година нема да се пријават за биометриска лична карта ќе подлежат на законски санкции. А новите лични карти може да бидат добиени и по оваа дата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG