Урбанизацијата и градежниот хаос што се случуваат во последниве неколку години го истакнуваат квантитетот, а не квалитетот на животниот простор. Скопје се претвори во градилиште во кое граѓаните ја губат приватноста, слободата на движењето, а богами и воздухот коментираат дел од граѓаните и архитектите.
Граѓаните со кои разговаравме се жалат дека нема слободен простор за да се прошетаат, ниту пак има каде да се одморат, а со пренатрупаноста со новите градби во Скопје не се ни дише на раат.
„Се повеќе и повеќе е натрупано, како да нема воздух од никаде. Јас сум во Ѓорче Петров што е баш подалеку од центарот па сега колку многу се гради, еве сега сум на улица каде што се градат згради, и приватноста се губи и се она што на времето сме го изградиле со двор со се сега е збиено, мислам веќе станува ептен тесно и во другите населби.“
„Многу има споменици, што се вика на секој чекор, а ние не можеме никогаш да наликуваме на Париз или не знам кој друг град.“
„Секое зеленило го растурија, децата нема каде да играат, а ова што се изгради, мислам видете што го направија кејот, занигде да нема каде да прошеташ.“
Неодамна во градското собрание се оддржа една стручна расправа за Нацрт-генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), кој ќе има период на важност од 2012 до 2020 година. Дел од архитектите кои присуствуваа на расправата тврдат дека во градот има 30 отсто повеќе станови отколку што има семејства. Пензиораниот професор од Архитектонски факултет Михаил Токарев вели дека ако се продолжи со овој тренд ќе треба да се направи „деурбанизација“ а не урбанизација.
„Дали сето тоа е земено предвид, при пресметката на капацитетот на животниот простор, да се определи колку луѓе навистина можат да живеат во Скопје и во неговата околина без да се предизвика трајна деградација на животниот простор, а ние веќе се движиме кон тоа. Ако оваа стратешка определба не е земена во предвид сите други работи, сите секторски студии, стануваат под знак на прашање“
Претседателката на асоцијацијата на архитекти Даница Павловска во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека стручната јавност смета дека не се зборува доволно за генералниот урбанистички план и забелешките за него.
„Овој пат таа дискусија се одбегна на еден малку непријатен начин, затоа што се закажа стручната расправа само два дена по донесувањето на нацрт планот што секако не беше доволно за да се осознаат сите предлози, особености, квалитети или слабости на предложениот концепт.“
Павловска додава дека до септември кога треба да се донесе предлог- планот, е неопходно да се зачестат стручните расправи и дебати со цел да се вметнат забелешките на експертите во планот.
„Длабоко веруваме дека оваа потреба од низа дебати коишто инаку се практикуваат во другите системи, а кои за жал во нашиов просторно-урбанистички систем не се предвидени, ќе треба да се иницираат во овој случај и да се обават, од нив не може да има штета. Дури и да има опонентни ставови во смисла некој ако размислува различно од вас не значи дека ви е непријател.“
Со новиот генерален урбанистички план Скопје ќе биде поделен на 11 зони и 143 гратски четврти кои ќе ги претставуваат деталните планови на општините. Како развојни зони и зони за домување во новиот план се опфатени населените места Злокуќани и Волково како и делот на касарната Илинден, а во планот официјално влегуваат и териториите на општината Сарај, гробиштата Камник и Коњски рид кои не беа опфатени со стариот.
Се повеќе и повеќе е натрупано, како да нема воздух од никаде. Јас сум во Ѓорче Петров што е баш подалеку од центарот па сега колку многу се гради, еве сега сум на улица каде што се градат згради и приватноста се губи и се она што на времето сме го изградиле со двор со се е сега збиено, мислам веќе станува ептен тесно и во другите населби.Анкетиран граѓанин.
Граѓаните со кои разговаравме се жалат дека нема слободен простор за да се прошетаат, ниту пак има каде да се одморат, а со пренатрупаноста со новите градби во Скопје не се ни дише на раат.
„Се повеќе и повеќе е натрупано, како да нема воздух од никаде. Јас сум во Ѓорче Петров што е баш подалеку од центарот па сега колку многу се гради, еве сега сум на улица каде што се градат згради, и приватноста се губи и се она што на времето сме го изградиле со двор со се сега е збиено, мислам веќе станува ептен тесно и во другите населби.“
„Многу има споменици, што се вика на секој чекор, а ние не можеме никогаш да наликуваме на Париз или не знам кој друг град.“
„Секое зеленило го растурија, децата нема каде да играат, а ова што се изгради, мислам видете што го направија кејот, занигде да нема каде да прошеташ.“
Длабоко веруваме дека оваа потреба од низа дебати коишто инаку се практикуваат во другите системи, а кои за жал во нашиов просторно-урбанистички систем не се предвидени, ќе треба да се иницираат во овој случај и да се обават, од нив не може да има штета. Дури и да има опонентни ставови во смисла некој ако размислува различно од вас не значи дека ви е непријател.Даница Павловска, Претседател на асоцијацијата на архитекти.