Секаде каде што ќе побараат каква било административна услуга, граѓаните на Куманово наидуваат на долги чекања или одење од врата до врата. И локалната и државната администрација има премногу вработени, главно партиски кадри, кои или се недоволно ажурни поради партискиот статус или, пак, се недоволно професионално оспособени.
Во локалната администрација има 170 вработени, вели општинскиот секретар Валентина Алексовска. Тие се поделени во десет сектори како организациони единици, од кои половината се во во директен контакт со граѓаните. Тие функционираат во недоволни просторни услови. За директниот контакт со граѓаните Алексовска вели:
„Се трудиме на најдобар начин да ја оствариме комуникацијата со граѓаните. Имаме два-три пунктови за тоа. Во тек е реорганизација пред да се префрлиме во новата општинска зграда на Чоробенско ќоше, што се планови за во иднина. Во овој момент на најдобар начин се трудиме да ги даваме информациите и за што побрзо завршување на работите, а во тек се планови за два шалтера за информирање на граѓаните каде треба да се обратат за побрзо да ги завршат своите потреби.“
Без оглед што граѓаните се незадоволни од услугите од локалната администрација, според Алексовска, нема никакви поплаки во кутиите за поплаки и пофалби во општинската зграда.
„Претежно поплаките се однесуваат на тоа ако некој нема осветлување или проблеми со водоснабдување. Директно на однесувањето на општинската администрација немало.“
РСЕ: Знаете ли дека вработените во администрацијата се многу некултурни, нељубезни со граѓаните, седат со кренати нозе на маси, во некои канцеларии се пуши...?
„Во општинската администрација има забрана за такви однесувања и сите ќе ги сносат последиците за тоа. Директни поплаки нема и немало. Се прават контроли, има изречено мерка за недолично однесување.“
РСЕ: Граѓаните се соочуваат со такви слики во канцерлариите, особено од младите. Згрозени се од такви однесувања особено на младите вработени партиски кадри.
„Овде нема партиски вработувања, се вработува согласно нивните професионални карактеристики и кажано им е како треба да се однесува еден државен службеник. Ако граѓаните имаат таква слика веднаш да се обратат.“
Граѓаните, пак, не се согласуваат со ваквите тврдења:
„Нема шанси да бидеме задоволни. Администрацијата не работи, зашто партиски се вработуваат.“
„Не, не сум задоволен. За се што ќе отидеш не можеш да завршиш. Вчера пред 7 часот сум отишол и денеска пак.“
„Не сум задоволен. Многу се чека ред, во здравство, за плави картони, во полиција за пасош, возачка дозвола, а локалната исто така. Се однесуваат несоодветно заради партиите кои направија хаос. Моите деца за да се вработат кај градоначалникот мораа да отидат и тој им поставува услов да земат партиска книшка за да се вработат.“
И во локалната и во државната администрација состојбата е иста. Поради тоа граѓаните не прават разлика. А поплаките главно си ги кажуваат меѓусебе или, пак, ги шепотат во сопствената брада. Не е ниту зачудувачки зошто е тоа така, оти поради обезбедувањата на влезовите тие не можат да стасаат до оној кому треба да му се пожалат.
Се трудиме на најдобар начин да ја оствариме комуникацијата со граѓаните. Имаме два-три пунктови за тоа. Во тек е реорганизација пред да се префрлиме во новата општинска зграда на Чоробенско ќоше, што се планови за во иднина. Во овој момент на најдобар начин се трудиме да ги даваме информациите и за што побрзо завршување на работите, а во тек се планови за два шалтера за информирање на граѓаните каде треба да се обратат за побрзо да ги завршат своите потреби.Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.
Во локалната администрација има 170 вработени, вели општинскиот секретар Валентина Алексовска. Тие се поделени во десет сектори како организациони единици, од кои половината се во во директен контакт со граѓаните. Тие функционираат во недоволни просторни услови. За директниот контакт со граѓаните Алексовска вели:
„Се трудиме на најдобар начин да ја оствариме комуникацијата со граѓаните. Имаме два-три пунктови за тоа. Во тек е реорганизација пред да се префрлиме во новата општинска зграда на Чоробенско ќоше, што се планови за во иднина. Во овој момент на најдобар начин се трудиме да ги даваме информациите и за што побрзо завршување на работите, а во тек се планови за два шалтера за информирање на граѓаните каде треба да се обратат за побрзо да ги завршат своите потреби.“
Без оглед што граѓаните се незадоволни од услугите од локалната администрација, според Алексовска, нема никакви поплаки во кутиите за поплаки и пофалби во општинската зграда.
Не сум задоволен. Многу се чека ред, во здравство, за плави картони, во полиција за пасош, возачка дозвола, а локалната исто така. Се однесуваат несоодветно заради партиите кои направија хаос. Моите деца за да се вработат кај градоначалникот мораа да отидат и тој им поставува услов да земат партиска книшка за да се вработат.Анкетиран граѓанин.