Политичката клима и на локално и на централно ниво, за поголем број кумановци не соодветствува со нивното егзистирање. Незадоволни и од локалната и од централната власт или не сакаат воопшто да разговараат или пак нивното разочарување не го кажуваат јавно.
Најчесто велат дека се им е преку глава, дека и советниците во Општинскиот Совет и оние во Парламентот главно ја навртуваат водата на своја воденица, односно задоволување на личните интереси. Има и такви кои не се информирани за работата на Советот. За ова дел од кумановци велат:
„Не сум доволно информиран, меѓутоа општата политичка клима во Македонија не е добра. Сите локални совети можат да работат онолку колку што им дозволува буџетот, кој пак е многу мал. Декларативно постои децентрализација, но вистинската е кога ќе имаме фискална децентрализација, која до сега веќе требаше да биде завршена. Еден голем дел од буџетот на РМ, од парите кои одат во централата требаше да бидат оставени во општините. Едноставно рацете им се врзани и советниците водат ситна дневна политика. Што направил овој или оној, што било пред 20 години, а никој не зборува за иднината.“
РСЕ: Може ли Советот нешто да помогне во приватниот бизнис?
„Општинскиот совет не може да помогне во мојот бизнис-градежништвото. Со самото воведување на Владата „Сто чекори,...“ ние изгубивме. Во општините на ВМРО-ДПМНЕ за две години не ни ги исплатија долговите. Во општината Куманово градоначалникот ни ги плаќа сите обврски според договорот. Никогаш не било покритично и потешко како што е сега.“
„Се вработуваат по партиски линии.“
„Не сум запознаен. Релативно добро.“
РСЕ: Како работи општинскиот Совет?
„Не не интересира нас. Немаме ни социјално ни ништо. Седиме дома, патам цел живот. Со 35 години работен стаж сега сум без ништо, три години без пари, без лекување.“
„Не знам што да ви одоговрам!“
Виктор Цветковски претседател на општинскиот Совет смета дека гледано од сите аспекти Советот успешно работи. Поголем дел од одлуките се донесени со консензус, има дебати и спротивставени мислења, што според него е вистинска слика на капацитетот на Советот и на советниците поединечно.
„И на тој начин сме коректор на работата на градоначалникот и на администрацијата. Во наредниот период се надевам дека ќе ги заокружиме и прашањата кои беа табу тема во локалната самауправа. Во делот на подигнување на транспарентноста на Советот, на органите на локалната самоуправа. Тоа ни е целта и имаме широк консензус покрај употреба на јазиците.“
РСЕ: Граѓаните сметаат дека сите советници си ги гледаат само личните интереси!
„Свесен сум за тоа и настојуваме да ја подигнеме транспарентноста. Советот да биде емитуван и сниман на локалните медиуми, за да видат граѓаните колку советниците се борат за нив и колку се нивни претставници.“
За мислењето на граѓаните дека советниците за приоритет си ги имаат личните интереси, Цветковски вели:
„Ако се направи ретроспектива на случувањата во Советот граѓаните со право можеби го доживуваат на тој начин. Во добар дел политиката на градоначалникот и на одредени поединци на политичкото делување, веројатно вредноста на трудот се цени преку задоволување на одредени потреби. Одредени советницити можеби делуваат на тој начин.“
Поради тоа, според Цветковски неопходна е транспарентноста на работата на Советот и на советниците.
Еден голем дел од буџетот на РМ, од парите кои одат во централата требаше да бидат оставени во општините. Едноставно рацете им се врзани и совентиците водат ситна дневна политика. Што направил овој или оној, што било пред 20 години, а никој не зборува за иднината.Анкетиран граѓанин.
Најчесто велат дека се им е преку глава, дека и советниците во Општинскиот Совет и оние во Парламентот главно ја навртуваат водата на своја воденица, односно задоволување на личните интереси. Има и такви кои не се информирани за работата на Советот. За ова дел од кумановци велат:
Ако се направи ретроспектива на случувањата во Советот граѓаните со право можеби го доживуваат на тој начин. Во добар дел политиката на градоначалникот и на одредени поединци на политичкото делување, веројатно вредноста на трудот се цени преку задоволување на одредени потреби. Одредени советницити можеби делуваат на тој начин.Виктор Цветковски претседател на општинскиот Совет во Куманово.