Советниците во Општинскиот Совет во Куманово главно се занимаваат со политиката, а извештатие за реализираното минатата и програмата за тековната година главно ги прифаќаат едногласно без оглед дали се од власта или опозиционите партиски редови. Во нивните изјави најчесто како параван се користи интересот на граѓаните, за чие добро едните или другите се повеќе загрижени.
Симптоматично е на пример тоа што на последната расправа на седницата кога се соочуваме со ниските температури и недостаток од вода од градската водоводна мрежа, никој од советниците не се досетил да се разговара и за надминување на овој проблем. Од таму и впечатокот дека советниците добро функционираат по стара и веќе добро воспоставена шема. И тоа, како што декларативно изјавуваат, е во интерес на граѓаните.
Советникот Бобан Николовски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има забелешки за работата на Советот, на градоначалникот и на локалната самоуправа и вели дека не се задоволни од реализацијата на програмата за минатата година.
„Од аспект на квантитет има резултати, но од аспект на квалитет е поинаку. Како приоритет според нас се одговори на прашањата за регулирање на такси превозот во градот и во руралните средини, ефектите од решавање на сообраќајниот хаос и паркинзите, како и развојот на информатичката
технологија во Општината до 2012 година.“
РСЕ: А водоснабдувањето?
„Не беше точка на дневниот ред ниту во минатата, ниту во оваа програма. Сметаме дека како советничка група предложивме пет точки кои треба да бидат разгледани до вториот квартал. Сметаме дека е ова само почеток, а наша должност е да биде во интерес на граѓаните. Ние како советничка група на ВМРО–ДПМНЕ секогаш ќе ги штитиме интересите на граѓаните“, вели Николовски.
Неговиот сопартиец Стефан Трајановски има забелешки на извештајот за буџетот за четвртиот квартал од 2011 година во рамките на програми за капитални инвестиции и ребаланс на буџетот.
„Кога би го разгледувале извештајот за буџетот како што беше предложен, тој не би бил реализиран ниту 70 проценти. Бидејки имавме скратување на капитални инвестиции, буџетот е на задоволително ниво завршен, а капиталните инвестиции, како сообраќајот и паркирањето е на незадоволително ниво“, смета Трајановски.
Тој додава:
„Ова е предизборна година за градоначалникот и политичките партии на локално ниво. И оваа година ќе сме сведоци на големи ветувања, многу соништа, а нереализирани проекти и се надевам дека граѓаните тоа ќе го сфатат.“
Запрашан зошто советничката група на локалната опозиција на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ смета дека во програмата за 2012 година не се наоѓаат прашањата за надминување на круцијалните проблеми на граѓаните, претседателот на Советот Виктор Цветковски вели:
„Забелешките на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не би ги прифатил, бидејќи програмата ја гласавме едногласно. Тоа значи дека се тенденциозни, едно да зборуваат друго да гласат.“
РСЕ: Зошто не се расправа за водоснабдувањето кое веќе е традиционален проблем?
„Во делот на водоснабдувањето на граѓаните и Советот е вклучен. Ја следиме работата на локалното јавно претпријатие „Водовод“ кој е надлежен за водоснабдување и тоа е редовно присутно на Советот со своите извештаи. Сега затоа не го разгледувавме ова прашање, а советниците веројатно не сметаа дека треба да се рагледува одделно“, вели Цветковски.
И покрај упатуваните критики едни на други најдобро од се во општинскиот Совет во Куманово е дека советниците меѓусебе добро комуницираат. Упатуваните критики едни на други ги сметаат за конструктивни, гласаат, се надгласуваат, но и другаруваат.
Ова е предизборна година за градоначалникот и политичките партии на локално ниво. И оваа година ќе сме сведоци на големи ветувања, многу соништа, а нереализирани проекти и се надевам дека граѓаните тоа ќе го сфатат.Стефан Трајановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Симптоматично е на пример тоа што на последната расправа на седницата кога се соочуваме со ниските температури и недостаток од вода од градската водоводна мрежа, никој од советниците не се досетил да се разговара и за надминување на овој проблем. Од таму и впечатокот дека советниците добро функционираат по стара и веќе добро воспоставена шема. И тоа, како што декларативно изјавуваат, е во интерес на граѓаните.
Советникот Бобан Николовски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има забелешки за работата на Советот, на градоначалникот и на локалната самоуправа и вели дека не се задоволни од реализацијата на програмата за минатата година.
„Од аспект на квантитет има резултати, но од аспект на квалитет е поинаку. Како приоритет според нас се одговори на прашањата за регулирање на такси превозот во градот и во руралните средини, ефектите од решавање на сообраќајниот хаос и паркинзите, како и развојот на информатичката
Забелешките на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не би ги прифатил, бидејќи програмата ја гласавме едногласно. Тоа значи дека се тенденциозни, едно да зборуваат друго да гласат.Виктор Цветковски, претседател на Советото, од редовите на СДСМ.