Достапни линкови

Споменик за бранителите во Куманово по изборите


Куманово
Куманово

Поставувањето на споменикот на бранителите од 2001 во Куманово е пролонгирано за после парламентарните избори.

Барањето на Здружението на бранителите во конфликтот во 2001-та година за поставување споменик во Куманово најверојатно ќе биде исполнето по завршувањето на вонредните парламентарни избори, вели Виктор Цветковски, претседател на општинскиот Совет во Куманово. До тогаш
Како претседател на Советот се обратив до надлежните министерства за култура и за локалната самоуправа, за да дадат свое толкување во делот на колизијата на Законите за меморијални споменици и спомен обележја и Законот за локална самоуправа во делот на Бадинтеровото мнозинство, кое што во Советот на Општината Куманово е запазено.
треба да се завршат сите технички подготовки.

Советникот Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвинува локалната самоуправа и градоначалникот зошто и до сега ова барање не било исполнето.

„Како претседател на Советот се обратив до надлежните министерства за култура и за локалната самоуправа, за да дадат свое толкување во делот на колизијата на Законите за меморијални споменици и спомен-обележја и Законот за локална самоуправа во делот на Бадинтеровото мнозинство, кое што во Советот на Општината Куманово е запазено. Согласно таа постапка добивме известување од Министерството за култура кое што не упатува на мислењето на Министерството за локална самоуправа“, вели Виктор Цветковски.

Тој објаснува дека од Министерството за локална самоуправа добиле одговор дека натамошната постапка ќе продолжи без употребата на Бадинтер.

„Затоа што според Законот за меморијални споменици и спомен обележја употребата на Бадинтер се однесува на програмата која се носи за спомен обележјата која Советот ја донесе 2008-та година со петгодишен период. И натамошната постапка ќе продолжи без употреба на Бадинтер во делот на Одборот кој што Советот треба да го формира. Одборот за спроведување на целата постапка за финансирање, избор на проектот итн.“

Куманово

Цветковски додава дека во контактот со бранителите добиле одговор.

„Тие се уште немаат официјална постапка на нивни членови и нивно изјаснување е дека во предизборниот период тие би ја запреле постапката и би паузирале, за да нема злоупотреба од политичките субјекти, а ќе продолжи по предвремени парламентарни избори.“
Изјавите на претседателот на Советот всушност делуваат како фрлање песок во очи на граѓаните, посебно на членовите на Здружението на бранителите од конфликтот во 2001-та. Тие имале три години да го реализираат споменикот.


РСЕ: Значи ли дека споменикот нема да биде поставен за 10-годишнината?
„Може да биде поставен за 10-годишнината, бидејќи од јуни ќе може да се продолжи постапката за да се реализира до крајот на годината.“

За ова, Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека:

„Изјавите на претседателот на Советот всушност делуваат како фрлање песок во очи на граѓаните, посебно на членовите на Здружението на бранителите од конфликтот во 2001-та. Тие имале три години да го реализираат споменикот.“

Советниците од политичките партии на Албанците до сега не се огласиле. Фериз Дервиши советник од Нова демократија вели:

„Ние немаме никаков став. Секој има право да бара. Само треба да се испочитуваат сите предвидени законски одредби, од Законот за меморијални споменици и Законот за локална самоуправа.“

РСЕ: Можно ли е да има барања и од другата страна?
„Тоа е политичко прашање, а можеби ќе бараат за возврат. Тоа е прашање во смисла за тоа, потоа.“

Од Здружението на бранителите велат дека подготовките треба да се забрзаат, иако поставувањето на споменикот може да се пролонгира.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG