Достапни линкови

Бранителите бараат споменик во Куманово


Просторот околу новоизградениот кеј во Куманово, според Здружението на бранители, најпогоден за поставување споменик
Просторот околу новоизградениот кеј во Куманово, според Здружението на бранители, најпогоден за поставување споменик

Неизвесно е дали бранителите од конфликтот во 2001 ќе добијат спомен-обележје во Куманово. Изгласувањето на одлуката во советот на општината е неизвесно поради Бадентеровото мнозинство.

И додека Здружението очекува и се надева надлежните да им дадат одобрение за локацијата, локалната самоуправа смета дека се уште не е дојден моментот. Предраг Петрушевски Бинго, претседател на Здружението „Бранители од 2001-та“ вели дека иако загинатите не се заборавени, неопходно е да се обележи место на кое ќе се чествува. Тие до општинскиот Совет доставиле барање, но од таму молк, како што вели Бинго.

„Не би сакал да верувам дека има политичка заднина. Тоа би било нешто најлошо за нашата иницијатива. За локација локалната самоуправа може
За локација локалната самоуправа може да одреди било која. Како Здружение мислиме дека најсоодветно место би било на новоизградениот кеј.
да одреди било која. Како Здружение мислиме дека најсоодветно место би било на новоизградениот кеј.“

Тој додава дека од локалната самоуправа не се бараат ниту финансиски средства.

„Преку наши пријатели од бизнисот ќе најдеме средства, бараме само маркица за десет квадрати место било каде, да поставиме обележје, за кое не сакаме да биде дивоградба.“
Преку наши пријатели од бизнисот ќе најдеме средства, бараме само маркица за десет квадрати место било каде, да поставиме обележје, за кое не сакаме да биде дивоградба.

Виктор Цветковски, претседател на Советот вели дека:

„Основен проблем е што одлуката се носи со Бадинтеровото мнозинство. Во овој момент состојбите се такви каде што проценката и на сите политички субјекти во Советот е дека тешко таква одлука ќе помине. Субјекти кои партиципираат во Советот вклучувајќи ги и политичките партии на Албанците нема консензус по тоа прашање.“

РСЕ: Може ли и Албанците да бараат спомен обележје?

„Тоа е основната причина и тоа е проблемот. Политичките претставници од македонскиот блок не сакаат да влегуваат во разрешување на тоа прашање“, вели Цветковски.

На ова реплицира Бинго од бранителите:

„Не знаеме дали борците на ОНА имаат барање. Тоа е нивно право, ние не
Основен проблем е што одлуката се носи со Бадинтеровото мнозинство. Во овој момент состојбите се такви каде што проценката и на сите политички субјекти во Советот е дека тешко таква одлука ќе
помине.
сакаме нашето да се поврзува со нивното, секој има право да си ги чествува своите жртви на свој начин. Ние знаеме дека семејствата на загинатите бранители немаат каде да ги чествуваат своите синови. Со споменикот можеби еднаш за секогаш ќе се заврши таа 2001 која често е во нашите глави.“

Стефан Трајановски, советник од локалната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ смета:

„Бранителите можат и треба да добијат споменик.Тој е влезен во петгодишниот план за изградба и поставување на спомен обележјата во Куманово. Треба да има политичка волја за реализирање на постапката.“

Хуљуси Беќири, советник од ДУИ вели:

„Уште немаме став за таа работа, ама кога и ние баравме да дигнеме споменик за нашите учесници во 2001 година добивме одговор дека имаме споменик.“

Советниците во општинскиот Совет добро се согласуваат меѓу себе без оглед од која политичка или етничка припадност се. Затоа и ги оставаат на страна сите проблеми кои би биле иницијална каписла за нарушување на соживотот кој само декларативно функционира надвор од политиката.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG