Достапни линкови

Пратениците се изјаснуваат за законот за борците на ОНА


Денеска во собранието ќе се расправа за предлог-законот за борците на ОНА предложен од Нова Демократија. Во законот се опфатени 6 точки за бесплатно здравствено осигурување, станбено згрижување, вработување, права од областа на образованието и семејна пензија.

Со оглед на текот на претходните дискусии во собраниските комисии околу предлог законот за борците на ОНА поднесен од страна на Нова Демократија за кој што пратениците денеска треба да се изјаснат тој нема да го добие потребниот број гласови за да помине. Изготвувачот на законот Абедим Зумбери вели дека тој е поднесен со оглед на тоа дека ова прашање не е решено веќе девет години како и дека во постојниот закон за бранителите неможе да се бара решението.
Цело време се шпекулира дека имаат договор ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за решавање на овој проблем, но мислам дека само затоа што ние како опозиција го имаме предложeно нема да го прифатат.


„Цело време се шпекулира дека имаат договор ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за решавање на овој проблем, но мислам дека само затоа што ние како опозиција го имаме предложeно нема да го прифатат. Кога ќе биде новиот закон, еве поминаа 9 години ништо нема!? Ова е само манипулација пред граѓаните, а никако со конкретни чекори да се предложи некакво законско решение.“

Во законот се опфатени 6 точки за бесплатно здравствено осигурување, станбено згрижување, вработување, права од областа на образованието и семејна пензија. Тој би се однесувал само на цивилните жртви, паднатите борци и инвалидите и би опфаќал околу 140 пензии. Во ДУИ велат дека не би го коментирале овој предлог на Нова Демократија, затоа што имаат сопствен во рамките на кој очекуваат дека ова прашање ке биде надминато:
Тахир Хани

„ДУИ има договор со ВМРО-ДПМНЕ дека статусот на поранешните борци на ОНА треба да се решава во постојните закони, со
ДУИ има договор со ВМРО-ДПМНЕ дека статусот на поранешните борци на ОНА треба да се решава во постојните закони.
интервенција во законските решениjа“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Од оваа партија во повеќе наврати соопштија дека се формирани работни групи кои го изготвуваат решението. Прашањето за решавање на статусот на поранешните припадници на ОНА во последно време се актуелизира како главен камен на сопнување мегу коалиционите партнери во владата и стана една од најжeшките теми со кои се доведува во прашање опстанокот на владината коалиција. ДУИ бара, преку измени во законот за бранителите и тиe да добијат одредени права, а ВМРО-ДПМНЕ е категорично против и се на став дека прашањето е затворено во рамки на постојните закони. Од најголемата опозициска партија СДСМ велат дека по ова праашње владата се однесува неодговорно и дека тие својот став ќе го издрадат откако најрпрво владата ќе го изгради својот став и ќе го изрази во јавноста.

„СДСМ кога владата ќе се произнесе и ќе формулира дали за неа тоа е прифатливо или не, ќе го соопшти својот став“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
XS
SM
MD
LG