Достапни линкови

Партиски поделби околу Илинден


Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски
Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски
Втори август ден кога во земјава секоја година се одбележува годишнината од Илинденското востание, односно кога во 1903 година македонскиот народ се кренал против пет вековното турско ропство и ден кога се одбележува првото заседание на АСНОМ од 1944 година, односно кога се удриле темелите на македонската современа држава. Традиционално првиот се прославува во Крушево, а вториот последниве три години во кумановското село Пелинце во алтернативно изградениот меморијален центар, бидејќи мансастирот
Илинденското востание, иако заврши неуспешно, не дојде до ослободување на македонскиот народ и создавање на македонска држава, но тоа послужи како една традиција и инспирација за натамошните борби на македонскиот народ на патот кон својата независност и создавањето на сопствената национална држава. А, од друга страна на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, речиси сите документи што тогаш се донесени, девет се донесени, се инспирирани од минатото на македонскиот народ и особено од Илинденското востание
Прохоп Пчински каде што тогаш се одржало заседанието сега се наоѓа во територијата на Србија. Според историчарите овие два празника се подеднакво важни настани во македонската историја. Без првиот во 1903 година немало да се случи вториот во 1944 година. Не случајно овој датум инспирирани од Илинденското востание го избрале борците на НОБ и решиле и на втори август да се одржи и првото заседание на АСНОМ вели историчарот Новица Вељановски.

,,Илинденското востание, иако заврши неуспешно, не дојде до ослободување на македонскиот народ и создавање на македонска држава, но тоа послужи како една традиција и инспирација за натамошните борби на македонскиот народ на патот кон својата независност и создавањето на сопствената национална држава. А, од друга страна на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, речиси сите документи што тогаш се донесени, девет се донесени, се инспирирани од минатото на македонскиот народ и особено од Илинденското востание,"

Илинденското востание и првото заседание на АСНОМ се двата најголемите настани во македонската историја и неможат да се издвојуваат, тие се нераскинливо поврзани. Илинденското востание е двигател на многу историски процеси кои се случувале по него. Тоа им даде насока и смисла, а кулминираа со заседанието во 1944 година вели историчарот Тодор Чепреганов. Многу членови на тогашната ВМРО влегле во рамките на Комунистичката паритија бидејќи имале една заедничка цел слободна и независна Македонија. Во текот на народно ослободителната борба партизаните на свооите чети, одреди им давале имиња од оние кои учествувале во илинденското востание. Овие два празника денес како во минатото треба да го обединуваат целиот македонски народ вели тој:

,,Мислам дека овие два празника, Илинден 1903 и Илинден 1944 година се два неразделни празника и мислам дека не би требало да има никаква поделба во однос на одбележување, затоа што ова се празници кои треба да го обединат македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Република Македонија. Тоа се празници на обединување, затоа што познато е што делбите можат да направат и што ни направиле низ историјата,"

Луѓето денес ги слават важните моменти и настани од историјата на својата земја, затоа што тие им даваат чуство на припадност вели социолог Илија Ацевски. Историјата е неговото трагање по националниот идентитетот вели тој.

Собранието на Република Македонија
,,Кога ќе се каже национален празник, тоа за еден народ значи дека на тој ден се случило нешто значајно за народот што живее на тој простор, дека сеќавањето за тој ден, на тој момент, значи јакнење на чувството на припадност, во една поширока психолошка смисла дека тоа е дел од човекот на овој простор, дека е дел од народот, еден голем исчекор во неговата идентификација, во неговото барање на идентитетот, асоцира на слобода, правда, на најсветли мигови во историјата на македонскиот народ. Затоа, овие празници се слават за човековата душа,"



Но години наназад празникот е извор на политички препукување помеѓу владејачката партија ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ. Чиј празник е АСНОМ, чиј Илинден, кој политичар, каде ќе слави. Кај нас овие две политички партии имаат свое историско минато, кое сакаат да го истакнат.. Затоа тие сакаат да му придадат поголемо значење на оној празник со кој повеќе се поврзуваат вели аналитичарот од центарот за истражување и креирање политики Жидас Даскаловски.
Мислам дека овие два празника, Илинден 1903 и Илинден 1944 година се два неразделни празника и мислам дека не би требало да има никаква поделба во однос на одбележување, затоа што ова се празници кои треба да го обединат македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Република Македонија. Тоа се празници на обединување, затоа што познато е што делбите можат да направат и што ни направиле низ историјата


,,СДСМ сака да го исткане тоа историско минато поврзано со борбата во Втората светска војна поврзана со борбата за ослободување, а ВМРО ДПМНЕ со своето име сака да го истакне своето минато како најбитно за Македонија, каде што ВМРО на Гоце Делчев, Јане Сандански успева да се бори за ослободување на Македонија од Османлиско ропство,"

Даскаловски вели дека поврзаноста на партиите со одреден период од историјата сепак не им дава право да се индентификуваат со некој празник и со тоа да го запостават одбележувањето на другиот. Тие не смеат најпрвин да ги гледаат своите интереси на прославата на овој ден, а со тоа забораваат на интересите на граѓаните.

,,За потребите на државноста на Македонија, битно е граѓаните сите заеднички да ги слават празниците и затоа е битно да нема такви поделби меѓу тие што се за празниците од славното минато на ВМРО или тие што сакаат да ги слават празниците од партизанската епопеја. Значи, нашите политичари не често ги сфаќаат државните интереси пред партиските и тоа е причината којашто многу од празниците, многу од потезите на политичарите се во полза на партијата, а не на граѓаните,"

На празниците нема простор за политичарите да покажат кој каква историска позадина има во својата партија. Тие мислат дека ако се идентификуваат со некои важни историски настани на земјава ќе придобијат повеќе симпартизери, а со тоа ги злоупотребуваат национални чуства на граѓаните вели социологот Ацевски.

,,Тие моменти не се за дневна политика, за дневно политички пресметки меѓу партиите и водачите. Тоа прави штета во идентификувањето и препознавањето на Македонецот на овие простори. Тоа сака да се покаже за да се придобијат луѓето за една политичка опција,"

Прославите на празниците особено втори август кај нас најчесто се користи за остварување на некоја цел на партиите, за ширење на пропаганди и тие се како нивен митинг вели аналитичарот Никола Столески.
СДСМ сака да го исткане тоа историско минато поврзано со борбата во Втората светска војна поврзана со борбата за ослободување, а ВМРО ДПМНЕ со своето име сака да го истакне своето минато како најбитно за Македонија, каде што ВМРО на Гоце Делчев, Јане Сандански успева да се бори за ослободување на Македонија од Османлиско ропство


,,Сите национални празници коишто имаат круцијално значење за духот на нацијата и на државата, како што се Илиден или Денот на државноста или Референдумот или слични такви секогаш имаат резонанца на изборен митинг и како такви се користат, не само кај нас, туку и насекаде. Значи, кој каде се наоѓа, симболично и реално е политичка изјава за тоа кој каде стои за националното прашање или за прашањето на државните интереси,"

Кај нас сеуште политичките функционери не покажуваат единство не само на овие празници, туку и на други проблеми со кои се соочува нашата земја и кои се од особена важност за македонскиот народ. Но сепак тоа најчесто зависи од игрите на нивните партии додава Столески.

,,Универзално е прифатено кој празник се слави зошто. Сите функционери треба подеднакво да ги слават празниците, и секогаш треба да се покаже единство, но дали ќе се покаже или не, е дел од политичката игра,"

За жал во последно време овие два празника не поминуваат без меѓусебни обвинувања и расправии помеѓу ВМРО и СДСМ. На едниот присуствува едната партија, а на другиот другата. Не само граѓаните туку и сите политичките партии треба да се обединат на втори август, а не да му даваат приоритет на Илинден или АСНОМ вели историчарот Чепреганов.

Претседателот Ѓорѓе Иванов
,,Празниците од македонската историја треба да бидат празници на обединување на сите политички партии и организации кои делуваат во Македонија. Тоа не се партиски празници, туку македонски празници. Нема преферирањ на едниот или другиот. Ако едниот го преферирате, а другиот го запоставувате, тогаш прославата не е целосна,"



Историчарот Вељановски вели дека во последниве години партиите го фаворизираат или Илинден или АСНОМ, затоа што се идентификуваат со едниот или другиот празник. Тој вели дека идните генерации не треба да ја повторуваат оваа грешка, која сега ја прават политичарите.

,,Како човек кој цел живот се занимава со тие проблеми, една порака кон идните генерации, да не ги забораваат и да не ги делат едниот со другиот, затоа што едниот се надоврзува кон другиот и тоа е нераскинлива врска која не може да се раскине,"

Поради сеуште нерешениот спор помеѓу Српската православна црква и Македонската православна црква прославата за одбележување на првото заседание на АСНОМ наместо во манастирот Прохоп Пчински, кој порано се наоѓал во нашата земја, а сега е во соседна Србија се одржуваше последниве три години во меморијалниот центар во селото Пелинце. Властите бараа да им се дозволи на втори август да прославуваат таму, но досега нивните молби поминаа безуспешно. Чепреганов вели дека проблемот има политичка позадина на сметка на историјата. Но кога веќе не може овој ден да се празнува каде што се случил овој настан тогаш зошто да не се побара друго решение, како што е Пелинце, кое е само на десетина километри од манастирот вели тој.

,,Таа териториja кога се одржуваше заседанието се наоѓаше на македонска територија. Меѓутоа, поради разни политички причини, тој дел од 1945 година отиде во рамките на Република Србија. Значи, тој настан се случил на српска територија. Но, гледаме каков е нивниот однос кон тој празник. Гледаме дека тие го користат како политчки цели. Пелинце, можеби не е најдобар избор, копијата не може да биде подобра од оригиналот, но подобро е некаков од никаков избор,"

Вељановски вели дека сепак ова не е најдоброто решение и дека одлуката во Пелинце да се прославува празникот е избрзана и требало да се почека додека не се реши спотот со СПЦ. Тој не се согласува со тоа што се направило ново место каде што ќе се одбележува првото заседание на АСНОМ.

,,Не би се согласил да се прави нов белег за Првото заседание на АСНОМ. Малку се избрза со таа работа, не е тоа што требаше да биде,"

Оваа година премиерот на државата Никола Груевски празникот ќе го прослави во потпелистерското село Трново. Таму во близината на Битола традиционално секоја година на втори август се собираат и слават ислениците од земјава. Додека пак Претседателот на република Македонија Ѓорге Иванов на овој ден ќе се наоѓа во Крушево и ќе положи цвеќе на Мечкин камен за паднатите борци во Илинденското востание. Претседателот на собранието Трајко Вељановски ќе одржи говор во селото Пелинце, каде и оваа година ќе се прославува годишнината од првото заседание на АСНОМ. Опозициската СДСМ свои претставници ќе има и во Крушево и во Пелинце.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG