Односите меѓу коалициските партнери во владата не се нарушени, категоричен е пратеникот Џевад Адеми од ДУИ.
,,Нашите министри, односно нашиот дел од владата добро функционира, добро комуницира со колегите од ВМРО ДПМНЕ, соработката на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ оди добро, контактите на Ахмети со Груевски се редовни, така што не гледам некоја особена загриженост на јавноста за односите меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ."
Тој вели дека партискиот конгрес воопшто не е откажан и тој треба да се одржи во втората половина на декември, кога ќе се одлучува за сите прашања. Не сека да ги коментира, како што вели, шпекулациите во медиумите, затоа што сега ништо не е одлучено. Дел од високите партиски членови на ДУИ, во изминатиов период, полујавно па дури и јавно изразуваа незадоволство од динамиката на остварување на изборните ветувања. Адеми вели дека нивните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ имаат волја да ги решат отворените прашања.
Адеми најавува и брзо решавање на статусот на борците на ОНА.
,,Стручните екипи работат на изнаоѓање на решение, на решавање на статусот на сите засегнати од конфликтот во 2001 година. Не само семејствата на паднатите борци, туку и жртвите цивили и сметам дека и за ова ќе има брзо решение и прифатливо за сите."
Тој посочува дека партискиот врв не е под притисок од членството и поради неостварените ветувања за евроинтеграциите на земјава:
,,Динамиката не е најпосакуваната, меѓутоа и во членството на партијата, ДУИ не е под притисок зошто тие процеси не одат побрзо, сите знаат дека застојот повеќе е заради спорот за името."
Од друга страна, интелектуалците Албанци велат дека партијата е под голем притисок, не само од членството, туку и од албанското гласачко тело, пред се, поради неисполнувањето на некои делови од Рамковниот договор, но и поради невоспоставувањето дипломатски односи со Косово. Професор Осман Кадриу вели дека односите во коалицијата не се толку „розови“ како што се прикажуваат и дека ако наскоро овие прашања не се решат можно е коалицијата да се распадне.
,,ДУИ како и секоја друга политичка партија е желна за власт, тоа е факт, тие сакаат да се на власт, меѓутоа од друга страна чувствуваат една доза, па нека е и симболична доза на одговорност заради состојбите."
Аналитичарите велат дека на наредниот партиски конгрес, кога и да се одржи, ќе се избере ново раководство на ДУИ, кое ќе се обиде да го забрза решавањето на нивните изборни ветувања. Тие велат дека, сепак, лидерското место на партијата е загарантирано за Али Ахмети.

Нашите министри, односно нашиот дел од владата добро функционира, добро комуницира со колегите од ВМРО ДПМНЕ, соработката на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ оди добро, контактите на Ахмети со Груевски се редовни
Тој вели дека партискиот конгрес воопшто не е откажан и тој треба да се одржи во втората половина на декември, кога ќе се одлучува за сите прашања. Не сека да ги коментира, како што вели, шпекулациите во медиумите, затоа што сега ништо не е одлучено. Дел од високите партиски членови на ДУИ, во изминатиов период, полујавно па дури и јавно изразуваа незадоволство од динамиката на остварување на изборните ветувања. Адеми вели дека нивните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ имаат волја да ги решат отворените прашања.
Адеми најавува и брзо решавање на статусот на борците на ОНА.
,,Стручните екипи работат на изнаоѓање на решение, на решавање на статусот на сите засегнати од конфликтот во 2001 година. Не само семејствата на паднатите борци, туку и жртвите цивили и сметам дека и за ова ќе има брзо решение и прифатливо за сите."
Тој посочува дека партискиот врв не е под притисок од членството и поради неостварените ветувања за евроинтеграциите на земјава:
,,Динамиката не е најпосакуваната, меѓутоа и во членството на партијата, ДУИ не е под притисок зошто тие процеси не одат побрзо, сите знаат дека застојот повеќе е заради спорот за името."
ДУИ како и секоја друга политичка партија е желна за власт, тоа е факт, меѓутоа од друга страна чувствуваат една доза, па нека е и симболична доза на одговорност заради состојбите