Достапни линкови

Кумановските советници „се острат“ за избори


Советот на град Куманово.
Советот на град Куманово.

Се засилуваат нападите од кумановската опозиција врз локалната власт и обратно. Неофицијалната предизборна кампања започна една година пред локалните избори.

Вербалните напади од централно ниво помеѓу власта и опозицијата се повеќе се проектираат и во локалната самоуправа во Куманово. Прес конференции на улицата пред зградата на локалната самоуправа, а потоа и контра одговори од другата страна, се повеќе наликуваат на предизборна кампања за претстојните локални избори. И тоа цела година однапред.
Истите тие луѓе имаат канцеларии и имаат право во институциите да даваат такви изјави. Веројатно за да изгледаат попривлечно, како и самата популистичка кампања, се обидуваат со сценариото и сценографијата што сами ја избираат. Година дена пред изборите ваква жестока кампања не дава комодитет на работата на локалната власт во однос на практицирање и извршување на националните програми и тековната работа.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Вербалните битки се водат и во рамките на општинскиот Совет, каде што локалната коалициона опозиција на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе ја критикува коалицијата на СДСМ, па и претседателот на Советот, обвинувајќи го дека несоодветно ги води седниците. На последната седница по претходен жесток дуел и во ходникот ВМРО-ДПМНЕ побара интерпелација од претседателот на Советот. Откако тоа заврши безуспешно, во иднина вмровците на претседателот ќе му се обраќаат како на советник кој ја води седницата.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој е секојдневна мета на ваквите напади, за ова вели:
Тоа е само нашата должност како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово да ги искажуваме јавно аномалиите од работењето на сите структури, почнувајќи од градоначалникот, неговите директори во јавните претпријатија, до престседателот на Советот. Ова се само дел од нашите редовни активности.
Бобан Николовски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истите тие луѓе имаат канцеларии и имаат право во институциите да даваат такви изјави. Веројатно за да изгледаат попривлечно, како и самата популистичка кампања, се обидуваат со сценариото и сценографијата што сами ја избираат. Година дена пред изборите ваква жестока кампања не дава комодитет на работата на локалната власт во однос на практицирање и извршување на националните програми и тековната работа. Како и сите седум години, за секој кикс во државата кога сме во тешка политичка државна криза и најболната, економската која најмногу го боли граѓанинот, кога не е извршена ниту една задача, се свртува вниманието кон опозицијата. На овој начин најдобро се укажува во која намера смета владеачаката партија да ја води својата политика во наредниот период.“

Дамјановски додава:

„Мислам дека граѓаните на Македонија се доволно образовани и политички свесни да ја препознаат нивната цел и политика и на локалните избори ќе бидат жестоко казнети не само во кумановскиот регион, туку и во цела Македонија.“
Бобан Николовски советник во општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Бобан Николовски советник во општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие активности и препукувања ја најавуваат жестоката предизборна кампања за претстојните локални избори, советникот Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели:
Сите активности се во интерес на граѓаните. Ние мислиме на локалните избори да имаме повеќе гласови и советници, бидејќи овие коалициони партнери не се заложија за инвестирање во инфраструктурата, образованието, во културата, каде што не сме доволно застапени. Ние заедно со ДУИ ги имаме истите интереси, но тие ниту еден проблем до сега не решија. Во деловите од градот каде што живеат 13 илјади жители претежно Албанци нема тротоари по улиците, поради што имаше три жртви за кусо време.
Хаљиљ Куртиши, советник од ДПА

„Не, тоа е само нашата должност како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово да ги искажуваме јавно аномалиите од работењето на сите структури, почнувајќи од градоначалникот, неговите директори во јавните претпријатија, до престседателот на Советот. Ова се само дел од нашите редовни активности.“

Активностите од таков тип станаа речиси секојдневна практика.

„Бидејќи нервозата кај СДСМ е се поголема како што наближуваат локалните избори и затоа тие влегуваат од грешка во грешка, свесни дека нивното време со владеењето во Куманово е при крај, а ние сакаме на граѓаните да им ги укажеме грешките.“

Николовски вели дека по 20 години владеење со Куманово, СДСМ треба да замине.

И додека пред започнување на вербалните конфликти советниците имаа нормална комуникација надвор од седниците, сега има и вакви ситуации.

„Не можеш ти на координатор на советничка група да не му дадеш процедурално, затоа што мислиш дека нешто ќе каже.“

„Процедурално не добиваш затоа што се дереш.“

„Исклучуваш микрофон!“

„Ќе исклучам, кога злоупотребуваш.“

Виктор Цветковски претседател на Советот оваа ситуација ја објаснува:

„Влегуваме во последна година од мандатот и нормално е да се очекува политичките партии да ги градат своите позиции пред локалните избори. Тоа е нормално, се доколку е на политичко ниво без навреди, не би било проблем. Но очигледно е дека политичките опоненти почнуваат со дискредитации на локалната самоуправа и невистини, што очекувам дека ќе престане.“

Цветковски смета дека ваквото однесување е контрапродуктивно за Советот кој се раководи според Деловникот и Статутот донесен од Советот и законите соодветни за работењето на локалната самоуправа. За односот на советниците неслужбено, Цветковски вели:

„Немаме причини тоа да продложи и надавор од седницата.“

Зија Саити од ДУИ вели дека помеѓу двата политичкиот блока на Албанците немало никакви несогласувања, како и со советниците од коалициите на другите партии. Тој додава дека кај нив се уште нема најави за предизборните активности:

„Не уште кај нас но изгледа има сигнали од минатата седница, дека ќе се почне.“

Хаљиљ Куртиши од ДПА во изминатиот тригодишен мандат во Советот смета дека Албанците во локалната самоуправа немаат соодветен третман, иако тој постојано нагласува:

„Сите активности се во интерес на граѓаните. Ние мислиме на локалните избори да имаме повеќе гласови и советници, бидејќи овие коалициони партнери не се заложија за инвестирање во инфраструктурата, образованието, во културата, каде што не сме доволно застапени. Ние заедно со ДУИ ги имаме истите интереси, но тие ниту еден проблем до сега не решија. Во деловите од градот каде што живеат 13 илјади жители претежно Албанци нема тротоари по улиците, поради што имаше три жртви за кусо време.“

Зачудува и помалку загрижува и појава на дофрлувања и лични навреди меѓу советниците, кои продолжуваат и по опомените.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG