Општината Куманово се соочува со бројни објективни проблеми во реализирање на проектите, за што најчесто е критикувана од локалната опозициона коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека на вистината треба да и се погледне в очи и да не се презентираат недоследности, особено во предизборната година се сее магла пред граѓаните.
Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ вели:
„Капиталните инвестиции ќе останат и оваа година нерализирани како и минатите години.“
Бобан Николовски од истата партија со упатство:
„Ќе треба да го прашате градоначалникот и мнозинството во Советот на СДСМ.“
Дамјановски, пак, наведува дека и оваа година најголемата локална самоуправа во државава стартува со:
„Голема негатива во образованието, односно со 40 милиони денари. Се
работи за две блок дотации и еден ДДВ. Наспроти тоа планските средства за образованието се помалку за околу 30 милиони денари за превоз, што оваа година стартуваме со помалку од 70 милиони денари во образованието, а за капиталните инвестиции да не зборуваме.“
Локалната самоуправа релативно ги надминала проблемите за набавка на нафтата за затоплување на образовните простории, а дефицитот за наменски средства е компензиран.
„Буџетот на Општината Куманово не е така силен и така конзистентен како што е државниот за да ги сервисира овие диригирани надлежности. Со преземање на надлежностите во образованието ние добивме и надлежности за финансиска поддршка, блок дотации платите и наменските средства, со што имаме проблем“, вели Дамјановски со илустрација дека поголемиот број од градоначалниците се од партијата на централната власт:
„Молчат пред Владата бидејќи се нивни, а сите ги мачат истите проблеми. Сметам дека нема најава за супституција во дел од секторот кој е најголем дел од надлежностите на локалната самоуправа.“
Што се однесува до три ипол милиони евра добиени од кредитната линија на ЕБРД (Европска банка за обнова и развој), наменети за проекти од водоснабдување и канализациони и атмосферски системи кои се на мртва точка, Дамјановски објаснува:
„Формиран е менаџерски тим и менаџерот е поставен од Европска банка. Членови на тоа тело се и од Министерство за транспорт и врски кои се спона помеѓу локалната самоуправа и телото. Општината Куманово настапи со 14 проекти објавени во Службен гласник. Телото кое менаџира има критериуми со кои се предвидува процедура меѓу што и експропријација на самото земјиште за користење на општината. Првите два како пилот проекти кои се и најефтини ние не можеме да ги реализираме поради експропријација на комплетниот дел. Ако проектот е сто илјади евра, Општината треба да даде 300 илјади евра за експропријацијата, бидејќи се работи за должини од 3-4 км, кои најчесто се приватни имоти.“
Според Дамјановски, локалната самоуправа е надлежна за документацијата и за надворешна контрола. Додека тенедерската постапка, изведувачот, надзорот се на телото кое го координира проектот.Сепак, ќе се оди чекор по чекор.
Водоснабдувањето во Куманово покрај неповолните временски прилики, првин голема суша, испразнети двете акумулации, а потоа ниски температури и замрзнување, го отежнува и политиката.
„Се води таква политика на релацијата централна-локална власт. Но,загрижувачко е што јавните претпријатија „Водостопанство“ и „Водовод“ не можат да се договорат околу цената на водата. Тоа ќе трае, а се надевам дека луѓето кои ги водат двете претпријатија ќе имаат доблест проблемите да ги решаваат на маса. Само политиката да не го направи своето. Многу често се служат со непопуларни мерки во односот централно-локално ниво“, вели Дамјановски кој смета дека и покрај се приоритет се граѓаните, а потоа наводнување на земјоделските површини.
Капиталните инвестиции ќе останат и оваа година нерализирани како и минатите години.Стефан Трајановски, ВМРО-ДПМНЕ.
Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ вели:
„Капиталните инвестиции ќе останат и оваа година нерализирани како и минатите години.“
Бобан Николовски од истата партија со упатство:
„Ќе треба да го прашате градоначалникот и мнозинството во Советот на СДСМ.“
Дамјановски, пак, наведува дека и оваа година најголемата локална самоуправа во државава стартува со:
„Голема негатива во образованието, односно со 40 милиони денари. Се
Буџетот на Општината Куманово не е така силен и така конзистентен како што е државниот за да ги сервисира овие диригирани надлежности. Со преземање на надлежностите во образованието ние добивме и надлежности за финансиска поддршка, блок дотации платите и наменските средства, со што имаме проблем.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.