Граѓаните на Куманово по којзнае кој пат се соочуваат со проблемот на водоснабдувањето од градската водоводна мрежа. Најповиканите и најодговорни за овој проблем вината ја префрлаат едни на други. Локалната самоуправа и локалното комунално претпријатие „Водовод“ бараат поголеми количества од ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“. Од таму, пак, бараат подмирување на ненаплатениот долг тежок 45 милиони денари за изминатите три години, поради што претпријатието не може да функционира.
Во сите тие недоразбирања и препукувања, граѓаните се како пинг-понг топка. Тие редовно ги плаќаат сметките за потрошената вода, а наместо од водоводот, се снабдуваат од пластични садови наполнети во најблиските бунари.
Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“ вели дека неколку денови нема електрична енергија поради дефект на далноводот во Липоковско, со што е невозможно протекување вода од Глажња во Липковско Езеро. Според Филиповски, од „Водостопанство“ се преземаат сите мерки за отстранување на дефектот, односно за вклучување агрегат каков што претпријатието нема пари да купи.
„Направивме напори да се состанеме со раководството на „Водовод“ да направиме договор за неисплатениот долг од 45 милиони денари и долгот за месечна испорака на вода кој се плаќа само авансно. Со ваквиот начин и пристап на „Водовод“ кон „Водостопанство“ се уништува едно важно претпријатие за градот Куманово. Водата минимално се плаќа по денар ипол, а се продава по 50 денари. Така „Водостопанство“ не може да функционира.“
РСЕ: Со оглед на временските прилики каква е состојбата во акумулациите?
„Пристапниот пат, според моите информации, е исчистен. Меѓутоа, „Водостопанство“ нема теренски и лесни возила да излезе до браната Глажња. Сепак, со лични средства и напори се качуваме до Глажња, за да режимот на водите не се наруши и покрај опструкциите од Општината Куманово и Водовод.“
РСЕ: До кога такви препукувања?
„Водостопанство, својата приоритетна функција, дотурот на водата, ја извршува одговорно, а од „Водовод“ не се плаќа. Ако не се плаќа, ние не можеме да обезбедиме основни средства, набавка на возила, горива, електрична енергија, телефонски сметки.“
РСЕ: Има ли замрзнување на акумулациите?
„Ние ја следиме состојбата. Чекаме топење на снегот.“
Градоначалникот Зоран Дамјановски, пак, вели:
„Состојбата со браната е катастрофална, бидејќи во браната има помеѓу три ипол и 4 милиони кубни метри вода и замрзната е. Протокот низ браната е целосно отежнат и ние добиваме помалку од 160 литри вода во секунда, а со алтернативните извори Режановце и Проевце обезбедуваме 240-250 литри вода во секунда, што е за 40 отсто помалку од потребно. Но и заради замрзнување на цевките потрошувачката на водата е зголемена. Апелирам до граѓаните да бидат трпеливи и да штедат. Овие услови колку се сурови, со природата не можеме да се бориме во овој момент. Можно е понатаму да има и политика во односите на релацијата „Водовод“ -„Водостопанство“, вели Дамјановски.
Тој објаснува дека нема рестрикции:
„Самата мрежа си прави рестрикции, високи, средни и ниски зони и во овој момент дотурот на водата е максимум од 240 до 250 литри во секунда.“
Направивме напори да се состанеме со раководството на „Водовод“ да направиме договор за неисплатениот долг од 45 милиони денари и долгот за месечна испорака на вода кој се плаќа само авансно. Со ваквиот начин и пристап на „Водовод“ кон „Водостопанство“ се уништува едно важно претпријатие за градот Куманово. Водата минимално се плаќа по денар ипол, а се продава по 50 денари. Така „Водостопанство“ не може да функционира.Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“.
Во сите тие недоразбирања и препукувања, граѓаните се како пинг-понг топка. Тие редовно ги плаќаат сметките за потрошената вода, а наместо од водоводот, се снабдуваат од пластични садови наполнети во најблиските бунари.
Филип Филиповски, директор на ЈП „Водостопанство“ вели дека неколку денови нема електрична енергија поради дефект на далноводот во Липоковско, со што е невозможно протекување вода од Глажња во Липковско Езеро. Според Филиповски, од „Водостопанство“ се преземаат сите мерки за отстранување на дефектот, односно за вклучување агрегат каков што претпријатието нема пари да купи.
„Направивме напори да се состанеме со раководството на „Водовод“ да направиме договор за неисплатениот долг од 45 милиони денари и долгот за месечна испорака на вода кој се плаќа само авансно. Со ваквиот начин и пристап на „Водовод“ кон „Водостопанство“ се уништува едно важно претпријатие за градот Куманово. Водата минимално се плаќа по денар ипол, а се продава по 50 денари. Така „Водостопанство“ не може да функционира.“
Состојбата со браната е катастрофална, бидејќи во браната има помеѓу три ипол и 4 милиони кубни метри вода и замрзната е. Протокот низ браната е целосно отежнат и ние добиваме помалку од 160 литри вода во секунда, а со алтернативните извори Режановце и Проевце обезбедуваме 240-250 литри вода во секунда, што е за 40 отсто помалку од потребно.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.