Достапни линкови

Поевтини кредити значат и поевтино штедење


Ако банките ги намалат каматните стапки на кредитите, ќе ги намалат и каматите на депозитите, што значи дека штедачите ќе добиваат помалку пари.

Очекувањата за пониски камати на банкарските кредити зависат како од фискалната и монетарната политика, туку и од состојбата на банките, велат упатените по апелот на министерот за финансии Зоран Ставрески за намалување на цената на банкарскиот капитал. Една од комерцијалните банки ги намали каматните стапки, откако Народната банка ги прилагоди своите камати.
Малите банки тоа многу тешко ќе оди затоа што тие, за да привлечат коминтенти ставаат и повисоки камати на депозитите, а тоа е повисок трошок.
Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народната банка.

Секоја банка, согласно можностите, проценува дали постои простор за намалување на каматните стапки, вели екс-гувернерот на Народната банка Љубе Трпески.

„При тоа, оваа банка која што моментално ги намали каматните стапки на кредитите, но ги намали и на депозитите, така што тоа оди паралелно, значи го намалува и трошокот што го има за исплата на каматите на депозитите.“

Намалувањето на депозитите подразбира дека лицата кои вложуваат пари во банката ќе добиваат помалку пари за камати. Трите најголеми банки, кои имаат силна депозитна база, се во состојба да ги намалуваат каматните стапки на кредитите, вели Трпески.
Нужност е кредитот во ова време. Прво голема е неликвидноста, второ, ако сакате нешто да инвестирате мора да се ослоните на пари од банка, ретко која фирма во Македонија има сопствени средства за инвестиција. И од двете причини неопходност се, нужност се кредитите.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

„Додека за малите банки тоа многу тешко ќе оди затоа што тие, за да привлечат коминтенти ставаат и повисоки камати на депозитите, а тоа е повисок трошок.“

Се поставува прашањето дали стопанството може да си дозволи задолжување, па макар и со поевтини кредити, во услови на нестабилност на европскиот пазар. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека кредитирањето за многу компании е единствен начин да се остварат инвестициски проекти.

„Нужност е кредитот во ова време. Прво голема е неликвидноста, второ, ако сакате нешто да инвестирате мора да се ослоните на пари од банка, ретко која фирма во Македонија има сопствени средства за инвестиција. И од двете причини неопходност се, нужност се кредитите.“

Чекреџи вели дека стопанството со нетрпение чека поевтинување на кредитите.

„Ако не се случи со доволна брзина, можеби владата ќе треба да оди на уште еден ребаланс на буџетот, а гувернерот уште еднаш да ги намали каматите на благајничките записи. Со тоа ќе поевтинат инвестициските кредити, кредитите за обртни средства и компаниите ќе дојдат во одредена кондиција.“

Инаку, како што јавуваат медиумите, министерот Ставрески изјави дека банките имаат доволно пари за да ги пласираат во кредити.
XS
SM
MD
LG