За власта ребалансот на буџетот е навремена и адекватна реакција на случувањата во европската економија, а за опозицијата тој е манипулација со која се создава погрешна слика за домашната економија. Министерот за финансии, Зоран Ставрески во воведниот говор на расправата во Собранието, рече дека ребалансот на буџетот е резултат на светската криза и тој е одговор на предизвиците со кои се соочува економијата.
„Во целина предложените измени со ребалансот на буџетот на 2012 година ќе дадат соодветен придонес за натамошно одржување на макроекономската и социјална стабилност, како и за подобрување на ликвидноста на стопанството и остварување на предвидениот позитивен раст“.
Пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски вели дека власта била принудена да направи ребаланст на буџетот, поради погрешните прогнози во првичниот.
„Кога сите предвидуваа дека Македонија ќе расте од 1,5 до 2 проценти во зависнот од прогнозите, Зоран Ставрески предложи буџет со 4,5 проценти раст. Свесно сакаше да влијае на очекувањата, свесно сакаше да манипулира со особено домашната потрошувачка. И на тој начин со манипулација, а не со факти да прикаже раст на приходите, а во таа смисла да се занимава со најомилената ставка растот на расходите.“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека за разлика од другите земји македонската влада добро се справила со кризата.
„Благодарение на домаќинското работење, прибирање на приходи, располагање со нив. Благодарение на одговорно носење на ребаланс на буџет, кога треба да биде донесен нема да се укинуваат ниту пензии, ниту да се бркаат вработени, ниту ќе се зголемуваат даноци.“
Според Ивановски, приходите се намалиле за повеќе од девет проценти, а расходите за 5 насто со што за речиси двојно се зголемила дупката во буџетот. Еден од најголемите проблеми е задолжувањето со високи камати за непродуктивни трошоци, кое претставува финансиски криминал, кој ќе треба да го платат идните генерации.
„Додека вие парите на граѓаните кои преставуваат бескаматен кредит ги трошите на Скопје 2014 и на криминалната портокалова пералница на пари ги задолжувате македонските граѓани со кредити кои само во 2015 година ќе достигнат околу милијарда евра.“
Според власта, Македонија е единствена во регионот која има простор за задолжување.
ОД ДПА сметаат дека со ребалансот се кратат проектите кои се во интерес на Албанците.
Во целина предложените измени со ребалансот на буџетот на 2012 година ќе дадат соодветен придонес за натамошно одржување на макроекономската и социјална стабилност, како и за подобрување на ликвидноста на стопанството и остварување на предвидениот позитивен раст.Зоран Ставрески, министер за финансии.
„Во целина предложените измени со ребалансот на буџетот на 2012 година ќе дадат соодветен придонес за натамошно одржување на макроекономската и социјална стабилност, како и за подобрување на ликвидноста на стопанството и остварување на предвидениот позитивен раст“.
Пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски вели дека власта била принудена да направи ребаланст на буџетот, поради погрешните прогнози во првичниот.
„Кога сите предвидуваа дека Македонија ќе расте од 1,5 до 2 проценти во зависнот од прогнозите, Зоран Ставрески предложи буџет со 4,5 проценти раст. Свесно сакаше да влијае на очекувањата, свесно сакаше да манипулира со особено домашната потрошувачка. И на тој начин со манипулација, а не со факти да прикаже раст на приходите, а во таа смисла да се занимава со најомилената ставка растот на расходите.“
Кога сите предвидуваа дека Македонија ќе расте од 1,5 до 2 проценти во зависнот од прогнозите, Зоран Ставрески предложи буџет со 4,5 проценти раст. Свесно сакаше да влијае на очекувањата, свесно сакаше да манипулира со особено домашната потрошувачка.Игор Ивановски, СДСМ.