Министерот за финансии Зоран Ставрески лаже и ја крие актуелната состојба на економијата во земјата, обвинија од Социјалдемократскиот сојуз на собраниската расправа за интерпелација на министерот. Пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски вели дека Ставрески знае да лаже за економскиот раст, да го сокрие долгот, да вработува свои луѓе и да зема кредити на туѓ груб со висока камата.
„Господинот Ставрески знае да наредува да ги бришат невработените од списокот во Заводот за вработување и во Фондот за здравство, за да направи лажен привид дека ги намалува невработените. Господионот Ставрески знае да лаже дека ќе има инвестиции, освен ако не ги брои како инвестиции жалните врби, мостот на реката Вардар од еден милион, спомениците и тн. Ставрески знае да молчи дека ВМРО - ДПМНЕ должи 3, 5 милиони евра од кампањата и да ги крие изворите на сретствата и должниците. “
Горан Мисовски од НСДП вели дека Ставрески и власта воопшто не се грижат за иднината на наредните генерации со тоа што премногу ја задолжиле земјата.
„Дали за нашите деца господине министер се грижите на ваков начин што ги задолжувате идните генерации со милијарди и милијарди евра. Кривично дело е да задолжувате идни генерации, господине министер? Кој ви го дал тоа право, моето дете, вашите деца, нашите деца да ги задолжувате на ваков начин како што тоа вие го правите, за да финансирате вакви непродуктивни проекти каков што е Скопје 2014-та.“
Пратеникот на ДПА, Газмен Алиу посочи дека овогодинешниот буџет ќе влезе во историјата како најантидемократки и најнеалбански.
„Знаете дека од 2008 па навака, со доаѓањето на власт на ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, не е остварен ниту еден проект кој е во интерес на Албанците. Последните проекти, тие од 2006, 2008 што ги нарави ДПА до ден денес тие се уште не се заокружени. Во секој буџет тие само фигурираат, но никако да се привршат.“
За пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Илија Китановски интерпелацијата е уште еден патетичен обид на опозицијата да ги замајува граѓаните.
„Она што го направи господинот Ставрески и министерството за финсии во услови на светска економска криза и европска должничка криза, за разлика од другите економии и другите влади во Европа е дека не ги намали платите во јавната администрација, не ги намали пензиите, не ги зголеми даноците, не дозволи отпуштање од работа.“
Од ДУИ наведоа дека не ги прифаќаат барањата за интерпелација на министерот и најавија дека ќе гласаат против.
Господинот Ставрески знае да наредува да ги бришат невработените од списокот во Заводот за вработување и во Фондот за здравство, за да направи лажен привид дека ги намалува невработените. Господионот Ставрески знае да лаже дека ќе има инвестиции, освен ако не ги брои како инвестиции жалните врби, мостот на реката Вардар од еден милион, спомениците и тн.Игор Ивановски, СДСМ.
„Господинот Ставрески знае да наредува да ги бришат невработените од списокот во Заводот за вработување и во Фондот за здравство, за да направи лажен привид дека ги намалува невработените. Господионот Ставрески знае да лаже дека ќе има инвестиции, освен ако не ги брои како инвестиции жалните врби, мостот на реката Вардар од еден милион, спомениците и тн. Ставрески знае да молчи дека ВМРО - ДПМНЕ должи 3, 5 милиони евра од кампањата и да ги крие изворите на сретствата и должниците. “
Горан Мисовски од НСДП вели дека Ставрески и власта воопшто не се грижат за иднината на наредните генерации со тоа што премногу ја задолжиле земјата.
„Дали за нашите деца господине министер се грижите на ваков начин што ги задолжувате идните генерации со милијарди и милијарди евра. Кривично дело е да задолжувате идни генерации, господине министер? Кој ви го дал тоа право, моето дете, вашите деца, нашите деца да ги задолжувате на ваков начин како што тоа вие го правите, за да финансирате вакви непродуктивни проекти каков што е Скопје 2014-та.“
Она што го направи господинот Ставрески и министерството за финсии во услови на светска економска криза и европска должничка криза, за разлика од другите економии и другите влади во Европа е дека не ги намали платите во јавната администрација, не ги намали пензиите, не ги зголеми даноците, не дозволи отпуштање од работа.Илија Китановски, ВМРО - ДПМНЕ.