Достапни линкови

Водата предизвик за иднината


Петта меѓународна конфeренција за води што се одржува во Охрид.
Петта меѓународна конфeренција за води што се одржува во Охрид.

Светот поради наглите климатски промени се повеќе се соочува со недостаток на вода, Македонија барем засега го нема тој проблем.

Предизвикот не само за Македонија туки и за целиот свет во иднина ќе бидат намалените расположливи водни ресурси, но и зголемените потреби за вода, рече министерот за животна средина Абдулаќим Адеми на отворањето на петтата конференција за води и климатски промени Балоис што се одржува во Охрид.
Ние се обидуваме да донесеме правилни одлуки со кои овие ресурси ќе ги искористиме правилно. Планираме да основаме и регулаторно тело за води кое не само што ќе ја одреди точната цена за водата туку ќе ги уреди и правните аспекти меѓу субјектите кои продаваат односно купуваат вода.
Абдулаќим Адеми, министер за животна средина.

„Ние се обидуваме да донесеме правилни одлуки со кои овие ресурси ќе ги искористиме правилно. Планираме да основаме и регулаторно тело за води кое не само што ќе ја одреди точната цена за водата, туку ќе ги уреди и правните аспекти меѓу субјектите кои продаваат односно купуваат вода“, рече министерот Адеми.

Експертите предупредуваат дека во иднина треба да се бараат на алтернативни извори на вода, особено онаму каде што има еколошки катастрофи на водните ресурси.

Цветанка Попоска, професор на Градежниот факултет во Скопје, вели дека во моментов Македонија не се соочува со недостаток на вода, пред се поради добрата хидролошка состојба, но оти мора да се води грижа за нејзиниот квалитет.
Многу е важно да го задржиме квалитетот на водата бидејќи таа е многу важна за животот на луѓето. Проблемот не е едноставен туку е повеќе од комплексен.
Марк Морел, Истражувачки институт за води од Франција.

„Оној недостаток на вода што го имавме претходните две или три декади кога резултираше со намалени количини на вода во сите три тектонски езера, а и вештачките акумулации демонстрираа мали количини вода за користење, за среќа сега сме во некој добар хидролошки режим. Лично мислам дека се уште климатските промени не се толку алармантно изразени кај нас како што е тоа случај во некои други региони во светот“.

Сепак, треба да бидеме внимателни бидејќи климатските промени се нагли, а се почести се појавите и на хидролошки екстреми. Токму затоа надлежните институции треба да изнајдат механизми како Македонија да се прилагоди на таквите ситуации, предупредува професор Попоска.

Марк Морел, хидролог од Истражувачкиот институт за води од Франција, смета дека не е воопшто лесно справувањето со проблемот на климатски промени и губењето на водните ресурси.

„Многу е важно да го задржиме квалитетот на водата бидејќи таа е многу важна за животот на луѓето. Проблемот не е едноставен туку е повеќе од комплексен“, рече Морел.

Во рамките на конференцијата педесеттина деца од неколку основни училишта од Охрид цртаа цртежи на тема вода, клима и животна средина, а кои ќе им бидат презентирани на учесниците од целиот свет.
XS
SM
MD
LG