Достапни линкови

За водата станува збор


Авганистан
Авганистан

Во децениите што доаѓаат прашањата поврзани со водата како суши и поплави може да предизвикаат конфликти меѓу државите и терористички манипулации. Ова се наведува во американски извештај базиран врз разузнавачки информации, а коинцидира и со Светскиот ден на водата кој во ОН се одбележа вчера.

Водата е и ќе биде еден од клучните проблеми во следниот период. Сушите и зачестеноста на поплавите ќе бидат причини за пад на влади, ќе бидат предмет на терористички манипулации.
Во рамките на државите може да има падови и меѓу државите може да има регионални конфликти и насилства.
Хилари Клинтон, државен секретар на САД.

Американскиот извештај кој е базиран врз разузнавачки информации наведува дека има потреба од нова американска програма за менаџирање со водите. Извештајот не идентификува во кои земји има најголем ризик, но е фокусиран врз состојбите на повеќе реки како Нил во Египет, Тигар и Еуфрат во Ирак и на реките во Централна Азија. За американскиот државен секретар Хилари Клинтон извештајот е причина за голема загриженост.

„Мислам дека е искрено да се каже оти заклучоците на разузнавачите се застрашувачки. Како што расте популацијата на земјата – расте и побарувачката за водата, но водните капацитети не го следат овој тренд.“

Шансите за конфликти околу водата, според извештајот, ќе се зголемат по 2022 година и тоа пред се во Северна Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија, каде што има недостиг на вода, поплави и суши. Затоа во извештајот се препорачува овие региони и земји да се соочат со проблемот и со преговори да ја разгледаат поделбата на водните ресурси.

„Во рамките на државите може да има падови и меѓу државите може да има регионални конфликти и насилства“, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон наведувајќи дека водата ќе станува се повеќе политичко орудие меѓу државите.

Во извештајот се наведува и дека терористите во иднина своите напади ќе ги насочат кон водните капацитети кои се користат за замјоделието, индустријата и потребите на луѓето.

И покрај црните прогнози од Вашингтон сепак, Обединетите нации излегоа и со податок дека над 2 милијарди луѓе добиле пристап до вода за пиење до 2010 година како резултат на напорите за подобрување на водовните мрежи и нивната заштита.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG