Три децении не е исчистена Црна, најголемата река во пелагонискиот регион која во последните години претставува вистинска закана за македонската житница. На дното на реката насобран е талог во висина од еден метар, со што се зголемува нивото на водата, па коритото не е во можност да ги прими останатите води кои доаѓаат преку канали и други водотеци.
Опасност од поплави посебно демне во пролетните периоди во случај на нагло топење на снегот. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека постојат три критични точки на кои може да дојде до излевање на водата кај селата Вашарејца, Брод и Радобор. Но, засега во Македонија нема соодветна механизација за да се исчисти речното дно.
„Црна не е чистена 30 години, талог има околу 110 сантиметри, може да се случи при нагло топење или доаѓање на повисоки води, реката наместо да ги прими од останатите реки и канали, да ја врати водата во Пелагониското Поле. Багери нема, треба голем багер. Водостопанство лани се преструктуира во Битолско Поле со истата механизација стара 40 години. Мали им се стрелите за црпење, а Црна е голема река“, вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во последните шест години, скоро секоја втора година Црна предизвикува поплави. Најмногу штета претрпуваа полето во Новаци, соседна општина до битолската. Пред две години реката во Пелагонија поплави над 8.000 хектари земјоделска површина.
„Проблемот, секогаш потенцирам е во реката Црна која над 20 години не е исчистена. Одводните канали ги чистиме и тие треба да се влеваат во река Црна. Нивото на реката е поголемо од каналите. Ако дојде до нагло топење на снегот реката ќе се наполни во вода и имаме поврат по каналите. Тогаш настануваат поплавите, а и подземните води во Новачкото Поле се доста високи. Река Црна треба под итно да се чисти“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
Црна не е чистена 30 години, талог има околу 110 сантиметри, може да се случи при нагло топење или доаѓање на повисоки води, реката наместо да ги прими од останатите реки и канали, да ја врати водата во Пелагониското Поле. Багери нема, треба голем багер. Водостопанство лани се преструктуира во Битолско Поле со истата механизација стара 40 години. Мали им се стрелите за црпење, а Црна е голема река.Димче Јошевски, Дирекција за заштита и спасување.