Идејата за формирање на техничка влада за да се реши проблемот со името, која ја предлага партијата на Руфи Османи за дел од домашните експерти е предизборен маркетинг. Многу очекувано е во овој период помалите политички партии да нудат различни решенија, но не секое од нив е корисно, вели универзитетскиот професор Етем Азири.
„Секогаш владите треба да имаат легитимитет, а таквата влада не може да се каже дека ќе има легитимитет. Нормално е дека помалите партии и опозицијата алудираат на предвремени избори, но јас мислам дека за Македонија не може да се прифати кој било предлог затоа што едно адекватно решение е многу тешко да се најде во моментов.“
Формирањето техничка влада не е сигурна формула за решавање на спорот за името, се согласува и политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ. Дури и да покаже цврста политичка волја македонската страна, многу е важно кого имаме како партнер од другата страна, вели таа.
„Не знам колку би било тоа функционално со оглед на фактот кого ќе имаме како соговорник од другата страна, со кого ќе разговараме од страната на Атина. Не смееме да заборавиме дека десничарската партија Златна зора доби значителен број на мандати во парламентот и која било влада да се состави сега или по повторувањето на изборите ќе им се даде големо значење на Андонис Самарас и на неговите поддржувачи.“
Националната демократска преродба смета дека е потребен широк политички консензус за формирање на сеопфатна техничка влада за излегување од, како што велат, интеграцискиот и егзистенцијален ќор-сокак на земјава. Од партијата на Османи потенцираат дека таквата влада ќе има обврска да постигне историски компромис за прашањето со името, за да потоа заедно со локалните, организира и парламентарни избори во земјава.
„Вистинското решение е сите субјекти во Република Македонија малку потрезвено да размислуваат за иднината на оваа држава, а тие тоа не го прават, туку сите се заинтересирани за власт. Ако државата нема перспектива јас не знам дали власта може да има перспектива“, изјави Азири.
Експертите сугерираат дека сега е време власта да ја смири еуфоријата по самитот во Чикаго и да се сврти кон решавање на економските проблеми во земјава, пред се кон надминување на невработеноста како еден од најголемите предизвикувачи на проблемите.
Секогаш владите треба да имаат легитимитет, а таквата влада не може да се каже дека ќе има легитимитет. Нормално е дека помалите партии и опозицијата алудираат на предвремени избори, но јас мислам дека за Македонија не може да се прифати кој било предлог затоа што едно адекватно решение е многу тешко да се најде во моментов.Етем Азири, универзитетски професор.