Американската државна секретарка Хилари Клинтон на самитот на НАТО во Чикаго се состана со министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора и Македонија. При тоа Клинтон изјави:
„Како и за сите земји кои сакаат да му се приклучат на НАТО, ние од нив бараме да покажат дека ги делат нашите вредности о оти имаат жечба и способност за да ги исполнат стандардите за членство. Ние ветуваме помош додека тоа го прават затоа што тоа е во наш интерес.“
Клинтон од Македонија побара решение за спорот околу името, како предуслов земјата да влезе во НАТО.
„Цврсто поддржуваме решение на тековниот спор околу името и ги повикуваме страните да постигнат спогодба, така што Македонија ќе може да се приклучи на Алијансата што е можно побргу“, порача американската државна секретарка.
Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО, во декларацијата од самитот во Чикаго, наведуваат дека ги повторуваат заклучоците од самитот во Букурешт во 2008 година, дека ќе упатат покана до Република Македонија за членство во Алијансата штом се најде заемно прифатливо решение на прашањето за името.
Во заклучоците воедно се оценува дека брзо изнаоѓање на вакво решение, и македонското членство во НАТО, ќе придонесат кон безбедноста и стабилноста на регионот.
„Го охрабруваме продолжувањето на преговорите без одложување и очекуваме дека ќе бидат завршени што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме реформските напори на поранешната југословенска Република Македонија и го охрабруваме нивното натамошно спроведување. Исто така, би сакале да ги охрабриме напорите дополнително да се изгради мулти-етничкото општество. Го цениме значителниот придонес на поранешната југословенска Република Македонија кон нашите операции, како и нејзината активна улога во регионалните активности за соработка. Ја цениме долготрајната посветеност на поранешната југословенска Република Македонија кон процесот на членство во НАТО“, пишува во делот од декларацијата посветен на Македонија.
Како и за сите земји кои сакаат да му се приклучат на НАТО, ние од нив бараме да покажат дека ги делат нашите вредности о оти имаат жечба и способност за да ги исполнат стандардите за членство. Ние ветуваме помош додека тоа го прават затоа што тоа е во наш интерес.Хилари Клинтон, државна секретарка на САД.