Достапни линкови

Груевски vs. Запад?


Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.

Влегува ли Македонија во опасна фаза за безбедноста или ова морало да се каже, гласат поделените ставови на експертите. Во интервју за МИА, премиерот Никола Груевски со огорчени критики за политиката на НАТО кон Македонија и против високото македонско присуство на самитот во Чикаго. За некои експерти, со ова Македонија навлегува во опасна фаза на својата безбедност, за други, пак, време било ова да се каже.

Непознавање на политиката или крај на едно дволично поглавје во односите со НАТО, експертите со поделени мислења за ефектите од интервјутo на премиерот Груевски за МИА. За едните, ова конечно морало да се каже, за други, интервјуто на Груевски служи само за внатрешна употреба. Премиерот вчера во интервју за државната новинаска агенција отворено се конфронтираше со дел од земјите членки на НАТО на кои им забележа дека не се решителни и одлучни да и се спротистават на политиката на Грција.
Но реално, тој не би требало да бара пријатели или непријатели, тој треба да си тера и требаше да си тера конструктивна политика соодветна на националните интереси, наместо да мисли на личниот рејтинг.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Интервјуто на премиерот е само за внатрешна употреба и тоа може да се продаде само кај одреден слој на домашната јавност, коментира професор Мерсел Биљали.

„Но реално, тој не би требало да бара пријатели или непријатели, тој треба да си тера и требаше да си тера конструктивна политика соодветна на националните интереси, наместо да мисли на личниот рејтинг.“
Премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Премиерот Никола Груевски и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Ние на ова еднаш моравме да забележиме. Како ќе реагира меѓународната заедница јас не сум видовит. Да одговорам со контрапрашање. А што ќе направи? Ќе не избрка од НАТО, ќе се откажат од нашата контрибуција? Ќе се откажат од нашата стратешка позиција да имаме граница со Косово и со Србија и од нас да зависи безбедноста не еден релативно небезбеден простор на Балканот во срцето на Европа.
Слободен Чашуле, поранешен министер за надворешни работи.
Она што Груевски го кажа е крај на една фаза од нашите односи со НАТО, која се карактеризираше со лицемерие. Ние со НАТО како концепт немаме спор, имаме спор само со одредени членки на НАТО кои ја поддржуваат Грција, а со тоа ги уриваат сите вредности на НАТО, вели поранешниот министер за надворешни работи Слободен Чашуле.

„Ние на ова еднаш моравме да забележиме. Како ќе реагира меѓународната заедница јас не сум видовит. Да одговорам со контрапрашање. А што ќе направи? Ќе не избрка од НАТО, ќе се откажат од нашата контрибуција? Ќе се откажат од нашата стратешка позиција да имаме граница со Косово и со Србија и од нас да зависи безбедноста не еден релативно небезбеден простор на Балканот во срцето на Европа?“

Она што го кажува Груевски, не е опасно ниту по НАТО, ниту по колективната безбедност, затоа што тоа е само посочување на фактот дека земјите членки на НАТО не знаат да ја одберат вистинската стратегија, додава Чашуле.

На Груевски повторно сите му се виновни, а треба да сфати дека вината е само негова, бидејќи тој ја доведе државата до ваква ситуација, вели професор Биљали.

„Името не беше пречка до 2006-та година за сите евроатлански процеси. Самите негови провокации се предизвикувачи на оваа состојба. Ако итно, интервентно не се изнајде решение за името, ние навлегуваме во една многу, многу опасна фаза за нашата безбедност.“

Груевски во интервјуто вели дека не е во Чикаго зашто Македонија не добива покана за членство во НАТО. Виновникот за тоа, тој го лоцира во Грција, но и дека најмоќните членки на Алијансата ја поддржуваат Грција.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG