Достапни линкови

Струшките спортисти се против хотели на местото на спортски објекти


Струшкото крајбрежје.
Струшкото крајбрежје.

Спорниот урбанистички план за дел од струшкото крајбрежје ги зовре страстите кај стружани. Спортистите се кренаа на нозе против, како што велат, урбаната деградација на Струга.

Стружани се сомневаат дека со новиот нацрт-детален урбанистички план за струшкото крајбрежје на местото на постоечките спортски објекти ќе никнат хотели и други угостителски објекти. Велат дека такво нешто нема да дозволат и оти ќе ги искористат сите правни и демократски механизми да се спречи реализацијата на еден од најспорните урбанисттички планови кој во форма на нацрт верзија неодамна го донесе струшкиот градски совет. Евентуалната изградба на такви објекти, плус една локална улица, ќе значи крај на спортот во Струга, велат Лазо Липоски, менаџер во ФК Караорман и Илија Николиќ од Кајак Кану клубот во Струга.
Да се згаснат клубови со традиција на сметка на некој што ќе профитира, јас сум против тоа и мислам дека нема да пројде и ќе побуди голема реакција кај сите граѓани.
Лазо Липоски, менаџер во ФК Караорман.

„Да се згаснат клубови со традиција на сметка на некој што ќе профитира, јас сум против тоа и мислам дека нема да пројде и ќе побуди голема реакција кај сите граѓани“, рече Липоски.
Лазо Липоски, менаџер во ФК Караорман.
Лазо Липоски, менаџер во ФК Караорман.

„Планираат просториите од кајак кану клубот да ги преселат во комбинатот во Струга. Порката наша е да размислат малку што прават. Цел свет вложува во спортот, а тие сакаат нас да не вратат назад. Треба и градоначалникот Мерко да размисли што прави“, рече Николиќ.
Планираат просториите од кајак кану клубот да ги преселат во комбинатот во Струга. Порката наша е да размислат малку што прават. Цел свет вложува во спортот, а тие сакаат нас да не вратат назад. Треба и градоначалникот Мерко да размисли што прави.
Илија Николиќ, Кајак Кану клуб во Струга.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ најавуваат оти ќе спротистават на урбанистички план кој би бил штетен за Струга и стружани.

„Не можеме да се сложиме со планови со кои ќе го снема фудбалското и ракометното игралиште од каде моментално потекнуваат 6 ракометни репрезентативци. Не можеме да се сложиме со тргање на објекти како што е тоа Извидничкиот дом „Крсте Јон“ Струга, рече Момчило Аврамоски, општински советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може нечиј бизнис интерес и профит да биде поважен од интересите на на сите граѓани на Струга“, рече советничката Наташа Пинтоска Беќироска од СДСМ.

Градоначалникот Мерко вели оти планот не е конечен.

„Да им укажеме на граѓаните да не се вознемируваат. Ќе следува анкета, на која сите граѓани можат да дадат примедби, а која може да се преиначи и да не биде во ваква верзија“, рече Мерко.

И покрај тоа што на јавна расправа во наредните десет дена стружани ќе можат да ги кажат своите забелешки за него, невладините организации сепак одлучија да се одржат мирни протести во знак на револт. Невладината Каприкон 2010 ги повикува сите граѓаните без разлика на верска, национална или партиска припадност да излезат на мирен протест како револт против урбанистичкиот хаос кој континуирано се случувал во Струга. Повик за мирни протести има и на социјалните мрежи. Да го одбраниме она што остана од Струга, конечно да кажеме стоп за омаловажувањето на стружани, се само дел од коментарите.
XS
SM
MD
LG