Најдобриот и најбрзиот начин да се смират тензиите е да им се дозволи на надлежните да продолжат со работат и да го решат што побрзо последниот случај со убиствата во Смилковци, апелираат меѓународните претставници во земјава. Шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет вели дека ситуацијата е напната, но не треба да се злоупотреби за провокативни и насилни акции, кои, според него, непотребно би ги зголемиле тензиите.
„Според мене најбрзиот и најдобар начин за смирување на тензиите е полицијата да ги најде сторителите на убиствата и да ги доведе пред лицето на правдата. Но исто така друга важна мерка е да стане јасно дека насилствата и заплашувањата против кого било нема да се толерираат“, вели амбасадорот Брет во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
И домашните аналитичари апелираат на трпение. Иако е можеби недоволно, секој одговорен фактор во државата треба да повика на смирување на тензиите, вели професор Здравко Савески.
„Се гледа дека во Македонија имаме премногу проблем со национализмот. Ако не се работи на тоа, секоја критична ситуација има опасност тоа да се развие во меѓуетнички судир.“
Во овој момент потребно е политичарите да бидат умерени и конструктивни, а правната држава треба да функционира беспрекорно, сугерира универзитетскиот професор Етем Азири. Иако смета дека безбедносната ситуација не е опасна, Азири вели дека потребна е крајна внимателност на граѓаните за да не се дозволи ескалација на тензиите и нарушување на меѓуетничкиот соживот.
„Со други зборови, потребна е една поширока општествена иницијатива. Не е доволно само да се апелира, затоа што апелите некогаш вродуваат со плод, но некогаш не. Треба да се освестат сите дека тоа оди на штета на секој поединец, на секој граѓанин, од ова никој не добива, дефинитивно.“
Покрај потребата од одговорно однесување на властите и политичарите, експертите порачуваат дека и медиумите, граѓанското општество и сите жители треба да се оградат од шпекулации и да избегнуваат акции или изјави кои би можеле да ги зголемат тензиите.
Најбрзиот и најдобар начин за смирување на тензиите е полицијата да ги најде сторителите на убиствата и да ги доведе пред лицето на правдата. Но исто така друга важна мерка е да стане јасно дека насилствата и заплашувањата против кого било нема да се толерираат.Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.
„Според мене најбрзиот и најдобар начин за смирување на тензиите е полицијата да ги најде сторителите на убиствата и да ги доведе пред лицето на правдата. Но исто така друга важна мерка е да стане јасно дека насилствата и заплашувањата против кого било нема да се толерираат“, вели амбасадорот Брет во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Имаме премногу проблем со национализмот. Ако не се работи на тоа, секоја критична ситуација има опасност тоа да се развие во меѓуетнички судир.Здравко Савески, универзитетски професор.