„Крвавиот Велигден“, како што наслови Нова Македонија го помниме само по речиси секојдневните пресови на министерката Јанкулоска на кои постојано се кажува дека истрагата напредува, ама ништо повеќе за извршителите и за мотивите, како што забележуваат повеќето медиуми.
Тоа не го спречува Вечер преку целата насловна да објави дека: „Истрагата за убиството кај Смилковци рапидно напредува“ и дека „Оперативниот штаб во МВР пред премиерот изврши реконструкција на грозоморниот чин“.
Дневниот Фокус, пак, пишува вака: „Груевски дојде на многунајавуваната прес-конференција, за која меѓу новинарите проструи дека ќе обелодени дека истрагата завршила, но тој си замина: Фатени или не?“, прашува весникот.
Утрински во наслов го објавува барањето на СДСМ: „Брзо расчистување на петкратното убиство за да се спречи ескалацијата на состојбата“.
Дневник оди со прашање:„Додека од сите страни доаѓаат изјави на осуда, каде исчезнаа Ахмети, Тачи и Османи?“.
Петкратното убиство и нередите во центарот на Скопје на протестот организиран главно од спортски навивачки групи, го предизвикува Утрински на коментар во уредничката колумна да констатира: „Време е за кадровски освежувања во Владата, зашто последните неколку настани во земјава покажуваат замор и отсуство на идеи во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Груевски, особено на планот на безбедноста и сигурноста на граѓаните“.
Дневник информира дека „СДСМ излегува од собраниските координации, повторно!“, а Вечер пишува дека „Едно зборуваат а друго прават - СДСМ сака политички немири - нели ви е срам да се однесувате антидржавнички?“.
Само Утрински одбележа дека поглаварот на МПЦ им го честита Велгден на верниците со знамето од Вергина покрај себе, а дека државното знаме никаде го немало. Дневниот Капитал забележува: „Зошто освен СДСМ ниедна друга партија не откри како се финансирала во минатата година, иако рокот за поднесувањето извештај помина пред три недели?“.
Речиси сите весници објавија дека Владата го усвоила ребалансот на буџетот во кој се кратат 120 милиони евра, главно во образованието и во здравството, а дека во исто време зела нов заем од 250 милиони евра од Дојче Банк, главно за пензии и плати на администрацијата.
Брзо расчистување на петкратното убиство за да се спречи ескалацијата на состојбата.Утрински весник.
Тоа не го спречува Вечер преку целата насловна да објави дека: „Истрагата за убиството кај Смилковци рапидно напредува“ и дека „Оперативниот штаб во МВР пред премиерот изврши реконструкција на грозоморниот чин“.
Дневниот Фокус, пак, пишува вака: „Груевски дојде на многунајавуваната прес-конференција, за која меѓу новинарите проструи дека ќе обелодени дека истрагата завршила, но тој си замина: Фатени или не?“, прашува весникот.
Утрински во наслов го објавува барањето на СДСМ: „Брзо расчистување на петкратното убиство за да се спречи ескалацијата на состојбата“.
Дневник оди со прашање:„Додека од сите страни доаѓаат изјави на осуда, каде исчезнаа Ахмети, Тачи и Османи?“.
Зошто освен СДСМ ниедна друга партија не откри како се финансирала во минатата година иако рокот за поднесувањето извештај помина пред три недели.Капитал.