Опозицијата остро реагира на усвојувањето на ребалансот на Буџетот за оваа година. Особено и пречи тоа што меѓу другото Владата донесе одлука за задолжување кај Дојче Банк за нови 250 милиони евра со цел да се финансира Буџетот. Од Социјалдемократскиот Сојуз велат дека ребалансот само покажува дека Владата е нестручна и нереална во своите проценки.
„Ако знаеме дека во 2014, 2015 и 2016 година стасуваат позначителни суми за враќање на земени кредити, ова ново задолжување исто така ќе ги оптовари идните буџети и многу помалку пари ќе има за развој“, изјави Марјанчо Николов од СДСМ.
Одлуката да се земе кредит од банка на комерцијалниот пазар, што ќе значи враќање на долгот на крајот од петтата година со фиксна каматна стапка од 6.83 проценти е знак дека дека меѓународниот углед на земјава е влошен, вели Николов.
„Она што беше со ММФ, кога владата неоправдано повлече 220 милиони евра за изборите, и тоа предизвика реакција кај ММФ дека парите се неоправдано повлечени, очигледно е дека владата изгубила можеби дел од кредибилитетот пред овие меѓународни институции и не може така лесно да земе кредит па мора да оди на комерцијалниот пазар.“
Ваквите потези на Владата со кои секој економски проблем се решава со ново задолжување на долгорочен план ќе ја продлабочи кризата, велат од опозициската Демократска партија на Албанците.
„Тие популистички, непродуктивни проекти нормално дека ќе доведат до економска криза и задолжување на граѓаните“, изјави Зијадин Села од ДПА.
За опозицијата е спорно и тоа што Владата која до неодамна тврдеше дека светската економска криза нема да има директни влијанија врз економскиот раст во земјава и оптимистички предвидуваше раст од над 4 проценти, сега проектира раст од само 2,5 проценти.
Тоа според економските аналитичари е показател дека реалниот сектор не се движи во правец во кој би требало да се движи, оти нема доволно странски инвестиции. Трендот на задолжување подразбира негативни последици за економскиот развој на националната економија, зашто истите долгови еден ден ќе треба да се враќаат.
„Се задолжуваат идните генерации што подразбира дека веројатно некоја идна генерација на граѓани на Македонија ќе треба да вложи многу поголем труд, особено во областа на развој на реалниот сектор со цел моментот на враќање на долговите да не се претвори во натамошно оптоварување на граѓаните“, изјави универзитескиот професор Брикенд Азири.
Во ребалансот на Буџетот меѓудругото се предвидува намалување меѓу 4.5 и 5 насто. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека ребалансот проектира намалување на вкупните расходи, но и вкупните приходи. Новиот ребаланс предвидува умерена инфалација од 2,8 проценти и истата е одраз на порастот на цените во изминатите неколку месеци. Министерот уверува дека со ребалансот ќе се подобри ликвидноста во домашната економија.
Ако знаеме дека во 2014, 2015 и 2016 година стасуваат позначителни суми за враќање на земени кредити, ова ново задолжување исто така ќе ги оптовари идните буџети и многу помалку пари ќе има за развој.Марјанчо Николов, СДСМ.
„Ако знаеме дека во 2014, 2015 и 2016 година стасуваат позначителни суми за враќање на земени кредити, ова ново задолжување исто така ќе ги оптовари идните буџети и многу помалку пари ќе има за развој“, изјави Марјанчо Николов од СДСМ.
Одлуката да се земе кредит од банка на комерцијалниот пазар, што ќе значи враќање на долгот на крајот од петтата година со фиксна каматна стапка од 6.83 проценти е знак дека дека меѓународниот углед на земјава е влошен, вели Николов.
Тие популистички, непродуктивни проекти нормално дека ќе доведат до економска криза и задолжување на граѓаните.Зијадин Села, ДПА
„Она што беше со ММФ, кога владата неоправдано повлече 220 милиони евра за изборите, и тоа предизвика реакција кај ММФ дека парите се неоправдано повлечени, очигледно е дека владата изгубила можеби дел од кредибилитетот пред овие меѓународни институции и не може така лесно да земе кредит па мора да оди на комерцијалниот пазар.“
Ваквите потези на Владата со кои секој економски проблем се решава со ново задолжување на долгорочен план ќе ја продлабочи кризата, велат од опозициската Демократска партија на Албанците.
Се задолжуваат идните генерации што подразбира дека веројатно некоја идна генерација на граѓани на Македонија ќе треба да вложи многу поголем труд.Брикенд Азири, универзитески професор.