За едни наликува на пародија, за други е очекувана разлика на проекциите за економски раст меѓу Народната банка и владата. Народната банка своите проекции ги прави врз основа на економски показатели и економски логики, владата, пак, преку своите проекции си прави своја политика, коментира поранешниот министер за финансии Никола Поповски.
„Владата си тера за да има голем буџет за да може да троши, без разлика што е неостварливо и што потоа може да прави други проблеми, јасно е дека си прави политичка претпоставка за висок раст, која е невалидна, за да овозможи во буџетот да прикаже дека ќе има повеќе пари за идната година и повеќе пари да троши.“
Поповски е на мислење дека Народната банка изнела издржани проекции и образложенија за нив донесени врз основа на економски методи и тој ваквите проекции ги смета за далеку пореални. Тој се согласува со очекувањата дека поради најавената еврокриза извозните побарувања во светот ќе се намалуваат што директно ќе влијае на македонското производство и на намалувањето на Бруто домашниот производ. Додека според Поповски, проекциите на Народната банка и на владата мора да бидат услогласени, поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески, оваа институција ја гледа како независна од извршната власт и смета дека нејзините проекции не мора да бидат усогласени со владините.
„Народна банка е самостојна институција, независна од извршната власт. Владата можеби не прави почести ревизии на проекциите, како што прави Народната банка, а на Народна банка тоа и е потребно за да ја контролира ценовната стабилност пред се, за да знае каква монетарна политика да води, дали порестриктивна или полиберална.“
Народната банка излезе со проекција за економски раст од 2,4 проценти додека владата останува на своите проекции за економски раст од 4 проценти. Гувернерот на Народната банка Димитар Богов образложи дека ревизијата од ноември до сега е направена поради намалената екстерна побарувачка којашто сега изнесува – 0,3 отсто. Новите предвидувања на централната банка следат откако Европската банка за обнова и развој ги спушти проекциите за годинава на 1,8 проценти.
Опозицијата побара од Владата да ги остави на страна суетите и во интерес на граѓаните и фирмите итно да направи ребаланс на буџетот за да го усогласи со реалната состојба во економијата.
Владата си тера за да има голем буџет за да може да троши, без разлика што е неостварливо и што потоа може да прави други проблеми.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
„Владата си тера за да има голем буџет за да може да троши, без разлика што е неостварливо и што потоа може да прави други проблеми, јасно е дека си прави политичка претпоставка за висок раст, која е невалидна, за да овозможи во буџетот да прикаже дека ќе има повеќе пари за идната година и повеќе пари да троши.“
Поповски е на мислење дека Народната банка изнела издржани проекции и образложенија за нив донесени врз основа на економски методи и тој ваквите проекции ги смета за далеку пореални. Тој се согласува со очекувањата дека поради најавената еврокриза извозните побарувања во светот ќе се намалуваат што директно ќе влијае на македонското производство и на намалувањето на Бруто домашниот производ. Додека според Поповски, проекциите на Народната банка и на владата мора да бидат услогласени, поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески, оваа институција ја гледа како независна од извршната власт и смета дека нејзините проекции не мора да бидат усогласени со владините.
Народна банка е самостојна институција, независна од извршната власт. Владата можеби не прави почести ревизии на проекциите, како што прави Народната банка, а на Народна банка тоа и е потребно за да ја контролира ценовната стабилност пред се.Љубе Трпески, поранешен гувернер на НБРМ.