Намалените проекции за економски раст од меѓународните организации се основани на очекувањата за негативни ефекти од кризата во еврозоната во Македонија, сметаат упатените и опозицијата. Од власта засега нема реакции на намалените очекувања за економски раст на Европската банка за обнова и развој, од каде прогнозираат дека економскиот раст во земјава ќе забави на 1,8 проценти.
Доктор Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека проекциите на странските организации се базирани на надворешни погледи на економската ситуација во земјава:
„Досега нема индикации дека таа криза во Европа има значителни последици по Македонија, но претполагам дека Владата тоа мора да го процени и да види дали таа цифра од 4 проценти е реална или ќе треба да се корегира надолу.“
Годинашниот буџет е составуван согласно владините очекувања за раст од околу 4 проценти. Се поставува прашањето што ќе се случи со Буџетот доколку се остварат очекувањата на странските организации, за раст од 1,8 или околу 2 проценти наместо очекуваните 4
отсто? Фискалната проекција зависи од економскиот раст вели Глигоров:
„Претполагам дека ако се корегира проценката на стопанскиот раст оваа година, тогаш ќе мора да се корегираат и фискалните проекции“.
РСЕ: Можен е ребаланс?
„Па сигурно ребалансот е една од можностите, ако дојде до некои сериозни корекции, да.“
Експертите и претходно посочуваа дека владините очекувања за раст од над 4 проценти се нереални. Променетата прогноза на ЕБРД е уште една потврда за тоа во која насока размислуваат меѓународните организации, вели потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Јовановски.
„И тоа е дијаметрално спротивна перцепција од она што Владата го мисли и го вградила во буџетот на Република Македонија за годинава.“
Доколку се остварат предвидувањата на странските институции, тогаш помалку пари ќе се соберат во народната каса, вели Јовановски.
„Она што треба да се знае е дека во услови на голема неизвесност кога не се знае што ќе се случува со македонската економија, какви ќе бидат приходите годинава, и дали ќе бидат доволни да се покријат предвидените расходи, вие имате ситуација во која премиерот Груевски најавува зголемување на платите и пензиите, во најмала рака тоа е неодговорно во ситуација кога за да се исплатат денешните плати и пензии, државата се задолжува во странство.“
Европската банка за обнова и развој првично предвидуваше дека македонската економија ќе порасне за 2,4 проценти, пред да ја промени проекцијата на 1,8 насто. Проекциите за економски раст на земјите од регионов се од 0,5 до 1,9 отсто.
Досега нема индикации дека таа криза во Европа има значителни последици по Македонија, но претполагам дека Владата тоа мора да го процени и да види дали таа цифра од 4 проценти е реална или ќе треба да се корегира надолу.Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.
Доктор Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека проекциите на странските организации се базирани на надворешни погледи на економската ситуација во земјава:
„Досега нема индикации дека таа криза во Европа има значителни последици по Македонија, но претполагам дека Владата тоа мора да го процени и да види дали таа цифра од 4 проценти е реална или ќе треба да се корегира надолу.“
Годинашниот буџет е составуван согласно владините очекувања за раст од околу 4 проценти. Се поставува прашањето што ќе се случи со Буџетот доколку се остварат очекувањата на странските организации, за раст од 1,8 или околу 2 проценти наместо очекуваните 4
Она што треба да се знае е дека во услови на голема неизвесност кога не се знае што ќе се случува со македонската економија, какви ќе бидат приходите годинава, и дали ќе бидат доволни да се покријат предвидените расходи, вие имате ситуација во која премиерот Груевски најавува зголемување на платите и пензиите.Зоран Јовановски, СДСМ.