Достапни линкови

Почист град и повеќе вода за тетовци


За решавање на проблемот со водата во Тетово треба да се доврши новиот водовод за чија изградба недостигаат три милиони евра, додека проблемот со сметот ќе биде минато откако германската фирма Хинкел ќе започне да менаџира со сметот во градот.

Пролетните денови ги активираа и општинските власти во Тетово. Периодов тие се засилено се анагажираа околу решавањето на двата горливи проблеми кои ги мачат тетовци, водоснабдувањето и сметот.
Презедовме иницијатива, купивме нов мотор за овој бунар што ќе ни дава дополнително 25 литри вода во секунда. А имаме подобрување на водоснабдувањето и со изворите од Шапка. Овој бунар не беше активен два месеци, поради дефекти на моторот.
Ајет Мурати, ЈКП Тетово.

Деновиве се презедоа конкретни мерки за подобрување на водоснабдувањето во градот. Тетово ќе добие дополнителни 25 литри вода во секунда, со активирање на бунарот во близина на спортскиот центар во Тетово. На овој бунар, кој е еден од најголемите во градот, се постави нова пумпа со која издашноста на водата за разлика од досега ќе се зголеми двојно.

Поради проблемите со водоснабдувањето, граѓаните сега се соочуваат со рестрикции кои траат по неколку часови, а се распоредени во текот на целото деноноќие, додека оние граѓани кои живеат во повисоките делови од градот вода имаат само по неколку часови.

Моментално градот има 140 литри вода во секунда, а со активирањето на бунарот и со зголемувањето на нивото на вода во изворите, рестрикциите на водата во Тетово ќе се намалат, уверува директорот на ЈКП Тетово, Ајет Мурати.
Собравме 140-150 работници за собирање на смет, за чистење на градот Тетово. Се чисти секаде и по главните и по споредните улици.
Ајет Мурати, ЈКП Тетово.

„Презедовме иницијатива, купивме нов мотор за овој бунар што ќе ни дава дополнително 25 литри вода во секунда. А имаме подобрување на водоснабдувањето и со изворите од Шапка. Овој бунар не беше активен два месеци, поради дефекти на моторот“, вели Ајет Мурати директор на ЈКП Тетово.

Преку организирање на акции, општина Тетово работи и на решавање на проблемот со сметот. Сметот се остранува од градските површини, а за тоа се ангажирани сезонски работници, појаснува Мурати.

„Собравме 140-150 работници за собирање на смет, за чистење на градот Тетово. Се чисти секаде и по главните и по споредните улици.“

Инаку комуналните екипи на локалната самоуправа во Тетово изминативе денови успешно се справуваа со сметот во градот, откако по топењето на снегот целиот отпад излезе на површина. За неколку дена отпадот беше пренесен во регионалната депонија Русино, а сега остатоците од ѓубре ќе ги острануваат сезонски работнци кои ќе бидат распоредени во три групи во градот. За конечно решавање на проблемот со водата во Тетово потребно е довршување на новиот водовод за чија изградба недостасуваат три милиони евра, додека проблемот со сметот ќе биде минато откако германската фирма Хинкел, според договореното, ќе започне да менаџира со сметот во градот, велат од општина Тетово.
XS
SM
MD
LG