Достапни линкови

Јавните претпријатија бележат загуби, но трошат за реклами


Совет на општина Битола.
Совет на општина Битола.

Битолската опозиција обвинува дека средствата за реклами на јавните претпријатија пораснале за 773 отсто.

Состојбите во јавните претпријатија и завршните сметки се темите на кои со денови опозицијата и локалната власт ги вркрстуваат копјата во Битола. Опозицијата критикува дека освен што двајца од директорите на претпријатијата се обвинети за затајување данок и оштетување доверители во други фирми, претпријатија бележат загуби, а трошат отповеќе пари за рекламирање.

Загубата на Нискоградба изнесува 11 милиони денари. Водовод е познат како претпријатие рекордер заради рекордните загуби на вода од дури 66 проценти. Пазари се погрижија да паднат во очи со енормното покачување на трошоците за репрезентација зголемени за 300 проценти. Средствата за реклами пораснаа за 773 проценти, а спонзораствата за 15 проценти.
Златко Ќурчиевски, СДСМ.
Златко Ќурчиевски од СДСМ критикува:

„Загубата на Нискоградба изнесува 11 милиони денари. Водовод е познат како претпријатие рекордер заради рекордните загуби на вода од дури 66 проценти. Пазари се погрижија да паднат во очи со енормното покачување на трошоците за репрезентација зголемени за 300 проценти. Средствата за реклами пораснаа за 773 проценти, а спонзораствата за 15 проценти.“
Совет на општина Битола.
Совет на општина Битола.

Александар Цветковски од ЛДП прашува:

„Како од успешно претпријатие Нискоградба стана поштар, низ чија сметка поминуваат парите кон други претпријатија. Дали преку Нискоградба во други фирми завршиле 17 милиони денари? Дали е вистина дека половина од парите за зимската служба завршиле во приватни фирми? Зошто во 2011 година биле поставени само 3 километри канализација ако се знае дека тоа е нивна основна дејност?“

Завршните сметки на претпријатијата за првпат во последните години Советот ги изгласа само во присуство на советниците од владеачката колиција, зашто оние од опозицијата ја напуштија седницата. Директорите велат дека јавните претпријатија се во солидна финансиска кондиција и работат според законите.

Мислењето го дели и градоначалникот Владимир Талески, кој ги именува диркеторите.

„Опозицијата предимензионирано ја оптоварува јавноста со нешто што е нивна лична приказна. Како градоначалник сум обврзан да го следам законското работење на локалната самоуправа. Досега нешто незаконско не постои“, тврди Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG