Достапни линкови

„Нискоградба“ тоне во загуба


ЈКП „Нискоградба“
ЈКП „Нискоградба“

Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ кое ги одржува градските улици, а чиј основач е општина Битола, тоне во загуби.

Минатата година фирмата ја заврши со негативна сметка, а и за годинава прогнозираат исто така финансиски проблеми. Опозицијата обвини дека
Нискоградба е претпријатие кое има најлоши, речиси катастрофални резултати од сите јавни претпријатија.
за да се извлече од ситуацијата претпријатието за скоро ќе ја поскапе цената на услугите безмалку за 50 отсто.

„Нискоградба е претпријатие кое има најлоши, речиси катастрофални резултати од сите јавни претпријатија. Вкупниот резултат што го оставрила е најверојатно најлош во последните десет години, како во оставрувањето на вкупниот приход од 72 милиони денари, така и во рекордната загуба од 23 милиони денари односно загуба од 32 проценти од вкупниот приход. Загуба планираат и во 2011 година околу 11 милиони денари.“

Советот на Општина Битола.

„Дали во овој план останува бaрањето за зголемување на цената на сметката за канализација за 48 проценти“, изјавија Валентин Груевски од ЛДП и Златко Ќурчиевски од СДСМ.

Од Нискоградба признаваат дека финансиската состојба не им е најдобра, но во моментов не размислувале за поскапување на услугите што не значи дека во иднина нема да се дискутира за тоа.

„Ние денес имаме 100 милиони денари обезбедена работа во тендерска
Цената за ЈП „Нискоградба“ не е променета од 1999 година, а во меѓувреме променети се сите цени.
постапка и веќе склучени договори. Цената за ЈП „Нискоградба“ не е променета од 1999 година, а во меѓувреме променети се сите цени на чинење на материјалните трошоци за сите производи, па и за оние кои ги користи „Нискоградба“. Ние не бараме подигнување на цената, туку се трудиме да најдеме други решенија за да не ги оптовариме граѓаните“, вели директорот Ќире Крстевски.

Можност за излез од ситуацијата гледаат во преземањето на погребалните услуги од другото јавно претпријатие „Комуналец“. Но ова беше најавено уште минатата година, а досега работите тапкаат во место, велат од опозицијата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG