Достапни линкови

Измами со солидарниот погреб во Битола?


Одлуката, наместо ЈП Комуналец од Битола, погребните услуги да ги вршат приватни фирми, внесе паника кај битолчани дали ќе ги добијат средствата за социјален погреб за што плаќале со години.

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола веќе не ќе може да пружа погребални услуги согласно одлуката на Владата со која оваа дејност им се одзема од општинските претпријатија и им се дава на приватни фирми. Ова внесе паника меѓу битолчани кои со години плаќаат месечен придонес за солидарен погреб, дали ќе ги добијат тие средства и во кој износ.
Ние навистина не знаеме дали ако го раскинеме договорот и по некој месец ни притребаат тие пари што сме ги плаќале со години, дали ќе ни ги дадат.

„Ние навистина не знаеме дали ако го раскинеме договорот и по некој месец ни притребаат тие пари што сме ги плаќале со години, дали ќе ни ги дадат“, вели еден битолчанец.

Солидарниот фонд на нозе ја стана и локалната опозиција. Битолските либералдемократи прашуваат зошто претпријатието одлуката ја спроведува со задоцнување од две и пол години, без за тоа време да ги извести граѓаните.


„Дали овде имаме случај на кривично дело измама зашто ако некој давал 20 години по 100 денари месечно, тоа се 24.000 денари. Зошто сега да му се
Дали овде имаме случај на кривично дело измама зашто ако некој давал 20 години по 100 денари месечно, тоа се 24 000 денари. Зошто сега да му се признаваат само 7300 денари?
признаваат само 7.300 денари? Со која математика им се задружува остатокот од средствата и со кое право? Средствата што сега им се даваат не ги покриваат ни основните трошоци за погреб кои изнесуваат меѓу 14 000 и 20 000 денари“, прашува Горан Милевски од ЛДП.

Од опозицијата бараат „Комуналец“ да им ја врати целата сума на граѓаните што досега ја имаат платено зголемена за каматата што граѓаните ќе ја добиеја доколку парите ги имаа ставено во некоја од банките.

„Доколку не се во можност веднаш да ги вратат парите предлагаме Комуналец тоа да го направи во оваа тековна година. Ќе бараме и советот на општина Битола да заседава и да расправа по оваа тема“, вели Милевски.

Директорот на „Комуналец“, Јовко Крстевски вели:

„Според законот, единствено можеме да ги обесштетиме корисниците на солидарниот погреб. Тоа ние ќе го направиме во висина на средства кои навистина тој што има потреба да го користи солидарниот погреб, средствата ќе бидат доволни за погребална опрема, превоз и погребување, додека услугите во капелата која е во наша надлежност ќе бидат давани бесплатно“, објаснува Крстевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG