Превирањата во Здружението на пензионери во Битола продолжуваат. Пропадна изборното Собрание за ново раководство, откако дел од присутните го напуштија, а на други не им беше дозволено да влезат. Формиран е иницијативен одбор кој обвинува дека постапката за избор на делегати за собранието се одвивала нестатутарно со цел досегашниот претседател да си обезбеди уште еден мандат.
„Се спрема изборен фалсификат за господинот Гавро Пановски да може да добие петти мандат. Во десет урбани заедници се направени изборни фалсификати. Истите луѓе се 15 години претседатели на одборите, тоа е негова пешадија која треба да му овозможи уште еден мандат.“
„Се крши статутот во делот на изборната процедура по сите основи. Нема објави за денот, местото, начинот и времето каде истите ќе се одржат, тоа значи дека пензионерите не се известени воопшто за изборите како би можеле да го дадат својот глас за делегати и челенови на одборите. Се спроведуваат избори со тоа што се повикуваат неколку души по паркови, згради, влезови и се подготвуваат фиктивни заклучоци“, реагираат панзионерите.
Тие со забелеши како досегашниот претседател Гавро Пановски управувал со парите и имотот на здружението.
„Овој деловен простор е купен со парите на нас пензионерите, а издаден е за закупнина од нула денари. Закупопримачот треба дас плаќа само парно и вода за трите канцеларии на спратот“, вели Кочо Созовски.
Според претседателот Гавро Пановски обвинувањата имаат политичка позадина. Тој се сомнева дека некој сака да ги земе парите со кои располага здружението околу 39 милиони денари и месечен прилив од 320 илјади денари.
„Мене ми се декларираа тука луѓе дека биле од партијата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно ми е кој сака да ги земе парите зашто знам кој конечно успеа и покрај одлуките на Уставниот суд дека парите од Солидарниот фонд се на пензионерите и никој не смее да ги гиба понатаму. Покрај две одлуки на Уставниот суд, што е ноторно ги зедоа парите.“
вели Пановски.
Се спрема изборен фалсификат за господинот Гавро Пановски да може да добие петти мандат. Во десет урбани заедници се направени изборни фалсификати.
„Се спрема изборен фалсификат за господинот Гавро Пановски да може да добие петти мандат. Во десет урбани заедници се направени изборни фалсификати. Истите луѓе се 15 години претседатели на одборите, тоа е негова пешадија која треба да му овозможи уште еден мандат.“
„Се крши статутот во делот на изборната процедура по сите основи. Нема објави за денот, местото, начинот и времето каде истите ќе се одржат, тоа значи дека пензионерите не се известени воопшто за изборите како би можеле да го дадат својот глас за делегати и челенови на одборите. Се спроведуваат избори со тоа што се повикуваат неколку души по паркови, згради, влезови и се подготвуваат фиктивни заклучоци“, реагираат панзионерите.
Тие со забелеши како досегашниот претседател Гавро Пановски управувал со парите и имотот на здружението.
Мене ми се декларираа тука луѓе дека биле од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.