Достапни линкови

Расчистување на отпадот во Дебарското Eзеро


Чистењето на сметот, особено пластичниот е постојана грижа на младите од невладиниот сектор.
Чистењето на сметот, особено пластичниот е постојана грижа на младите од невладиниот сектор.

Организирана акција за расчистување на пластичниот смет во Дебарското Eзеро, кој се влева од реките Радика и Црн Дрим.

И во овие летни денови кога Дебарското Eзеро се користи од многу млади за рекреација, продолжува преку реките Радика и Црн Дрим во езерото да се влева голем пластичен смет. Поради оваа состојба невладините организации од Дебар, деновиве организирана акција за расчистување на пластичниот отпад на брегот на езерото, особено во делот кој се користи како плажа. Надлежните институции велат дека водата може да се
Акцијата која ја организиравме се одвиваше на брегот на Дебарското Езеро, каде учествуваа над 100 млади од неколку невладини организации.
користи за рекреација, но факт е дека сметот постојано се влева во езерото и бара повремено чистење, вели Гоце Лубиновски од Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.

„Акцијата која ја организиравме се одвиваше на брегот на Дебарското Езеро, каде учествуваа над 100 млади од неколку невладини организации, а имавме поддршка и од локалната власт, бидејќи на акцијата беше и учествувале и самиот градоначалник и советници. Исчистивме смет на делот од 2 до 3 километри на плажата и собравме над 300 вреќи пластичен смет“, нагласи Лубиновски.

Реката Радика.

Чистењето на сметот, особено пластичниот е постојана грижа на младите во невладиниот сектор. Но, според активистот Фламур Муладаути неопходно е да се воспостави потесна соработка и со здруженијата од поширокиот регион, особено со здруженија од соседните општини за
што веќе се планираат соодветни проекти за заштита на животната средина.

„Невладиниот сектор е постојано во акција за заштита на животната
Исчистивме смет на делот од 2 до 3 километри на плажата и собравме над 300 вреќи пластичен смет.
средина. Ние треба да го заштитеме Дебарското Езеро од големиот смет кој во него влегува преку реките Радика и Црн Дрим. Ние планираме и други акции се со цел да се заштитат водните ресурси кои се бројни во регионот. Но, неопходни се заеднички акции со здруженијата особено од оние општини од каде доаѓа сметот.“

До крајот на оваа календарска година, неколку невладини здруженија од општините Дебар, Маврово-Ростуше и Центар Жупа планираат заеднички акции за заштита на животната средина, а особено заштита на водите од овој регион како што се езерото, реките Црн Дрим и неколкуте селски реки во Долна Река и Жупа, кои од година во година се се повеќе загадени.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG