Достапни линкови

Косоврасти против експлоатацијата на руда


Жителите на дебарското село Долно Косоврасти со протести се спротивставуваат на објавата на тендерот за доделување нова концесија од страна на Министерството за економија за експлоатација на гипсената руда.

Населението смета дека ако се додели оваа, инаку трета концесија за експлоатација на гипсот, селото Долно Косоврасти целосно ќе ја изгуби својата животна средина, потоа ќе има проблеми со одгледувањето на домашни животни и добиток, но исто така ќе се наруши целосно и мирот во ова долнореканско село.
Ние бараме да не се додели нова концесија, бидејќи ридот со гипсена руда е одалечен само 50 метри од селото. Тоа ќе значи голем проблем за селото и селаните...


,,Ние бараме да не се додели нова концесија, бидејќи ридот со гипсена руда е одалечен само 50 метри од селото. Тоа ќе значи голем проблем за селото и селаните, а вознемирувањето на жителите е големо. Поради оваа ние не се согласуваме со Министерството за економија."

вели Берзат Османовски жител на Долно Косоврасти и член на советот на општина Дебар. Во врска со животната средина Османовски додава:

,,Проблемите кои ќе се создадат ако се додели оваа концесија за користење на гипсената руда, ќе бидат огромни."

За проблемот со издавањето на новата концесија за експлоатација на гипсот расправаше по втор пат и на својата последна седница Советот на општина Дебар. Локалната власт на Дебар е на страна на жителите на Косоврасти и е против одлуката на Министерството за економија.
Претседателот на Советот Низамедин Папранику нагласи дека:

,,Советот по втор пат расправа за овој проблем. И на јунската седница и сега се дава поддршка на населението во Долно Косоврасти, бидејќи новата концесија ќе создаде големи проблеми на жителите на оваа село."

Инаку жителите на ова село имаа силни протести и пред неколку години, кога во близина на селото фабриката Кнауф вршеше експлоатација на суров гипс, со минирање, од кое имаше силни експлозии. По протестите донекаде состојбата е подобрена, бидејќи сега се користат нови технологии на беззвучно минирање.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG