Достапни линкови

Шансите во Чикаго мали


Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собрание на Македонија.
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собрание на Македонија.

Членовите на конгресната делегација силно ја поддржуваат Македонија за членство во НАТО, но свесни се дека шансите се мали тоа да се случи на Самитот во Чикаго.

Конгресната делегација на САД која ја заврши дводневната посета на Македонија пренесе уште една порака на поддршка пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго. Изјавата во име на делегацијата ја даде еден од предводниците на делегацијата, демократот Дејвид Прајс.
Сите ние, членовите на конгресната делегација силно го поддржуваме тоа да ја видиме Македонија како членка на ЕУ и на НАТО. Како што рече вчера премиерот постојат мали шанси да се добие таа покана во Чикаго, но ние ги поддржуваме тие напори затоа што ја поддржуваме идејата за членство на Македонија.
Дејвид Прајс, конгресмен.

„Сите ние, членовите на конгресната делегација силно го поддржуваме тоа да ја видиме Македонија како членка на ЕУ и на НАТО. Како што рече вчера премиерот постојат мали шанси да се добие таа покана во Чикаго, но ние ги поддржуваме тие напори затоа што ја поддржуваме идејата за членство на Македонија.“
Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.
Републиканскиот конгресмен Дејвид Прајс.

Ова е втора порака на поддршка која што во последниве денови Македонија ја добива од американските конгресмени за добивање покана за членство откако 54 конгресмени упатија писмо до американскиот претседател Обама САД да направат се што е можно да се реализираат пораките дека САД сакаат да ја видат Македонија како членка на Алијансата.
Тој начин на комуникација меѓу граѓаните и избраните претставници е многу важен дел од парламентарната демократија.
Дејвид Драер, конгресмен.

Како што беше пренесено од кабинетот на премиерот една од целите на оваа посета била да се реафирмира поддршката на САД на Република Македонија. Со оглед на изјавите коишто доаѓаат од американската администрација како и од американскиот амбасадор во Скопје се останува во рамките на охрабрувачки пораки кои потсетуваат на неоходниот консензус за членство во Алијансата, но од наша страна сепак конгресмените примиле благодарност за својата иницијатива.

Претседателот Иванов сепак ги пренел пред претставниците на конгресот очекувањата на Македонија дека во Чикаго ќе биде преиспитан заклучокот од Букурешт, а ги запознал и со пресудата од Меѓународниот суд. Од премиерот Груевски биле информирани не само за стратешките цели на земјава во поглед на интеграциите во меѓународните организации, туку и за привлекувањето странски инвестивии, спроведувањето на Рамковниот договор и одржувањето на меѓуетничките односи, како и борбата против организираниот криминал, корупцијата, реформите во судството.

Исто така како што беше соопштено од кабинетот на премиерот, конгресмените биле информирани и околу спорот за името и обидите за негово надминување. Делегацијата американски конгресмени во Македонија дојде пред се поради својата заинтересираност за развој на ефикасни институции, па во таа насока оствари средби со голем број пратеници од власта и опозицијата, координатори на групи и на претседатели на комитети, а ја посети и канцеларијата на пратениците во општината Гази Баба.

„Тој начин на комуникација меѓу граѓаните и избраните претставници е многу важен дел од парламентарната демократија“, изјави по посетата на општина Гази Баба републиканецот Дејвид Драер.

Делегацијата од американскиот конгрес од 2005 година ја промовира програмата „Дом за демократско партнерство“ која поддржува развој на ефикасни институции и во рамките на програмата соработува со 16 држави во светот.
XS
SM
MD
LG