До овие македонско-грчки средби со посредникот Нимиц доаѓа по цела година пауза. Имате ли некакви сигнали дека оваа средба ќе биде поинаква од другите, бидејќи Нимиц велеше дека нема да свикува состаноци се додека нема нешто поконкретно?
Сега поради тоа што пресудата во Хаг од 5 декември донесе пресуда во полза на Македонијa, дека навистина Грција го прекрши член 11 од Привремената спогодба, сега дефинитивно има повеќе моментум за преговорите. Тоа може да се види и во сигналите од македонската страна, особено во последните 6-7 недели се доста позитивни, дека Македoнија навистина е коструктивната страна, но проблемот е што Грција има транзициска влада, која не може да донесува кој знае какви големи одлуки. Позитивно е тоа што се сретнуваат и што се даваат шанси за решавање на спорот, но не гледaме дека нешто ќе се случи на преговорите што ќе се случуваат на 16-ти и 17-ти.
Ставот на нашата организација од секогаш бил дека не треба да се преговара и особено пресудата во Хаг даде причина повеќе да не преговараме .
Но цел на Македонија е да стане дел од НАТО и од Европската унија. Дали верувата дека пресудата од Хаг може навистина нешто да смени? Верувате ли дека правдата ќе победи над политиката и внатрешната солидарност во НАТО кога јасно е кажано кога и под какви услови Македонија може да добие покана за членство?
На самитот во Букурешт се донесе таа одлука од причина што Грција вети дека ќе стави вето на членството на Макеоднија во НАТО. Сега пресудата од Хаг дефинитвно дава адут на Америка и на НАТО-партнерите дека имаме правен изговор да извршиме некаков притисок кон Грција за да таа го спроведе тоа што го потпишала во 1995-та година, каде што ветува дека нема да ја блокира Македонија. Е, сега тоа зависи и од политичката волја на Америка и на НАТО партнерите.
Господине Колоски, неодамна Сали Мекнамара од фондацијата Херитиџ порача дека претседателлот Обама на самитот на НАТО во Чикаго треба да покаже лидерство и фер третман кон Македонија за да се острани грчката блокада и Македонија да добие покана за полноправно членство во НАТО. Вие како македонски лобист, имате контакти во Конгресот на САД со групата за подршка на македонската кауза, мислите ли дека без договор кај Нимиц за името е можна покана за НАТО? И дека американската администрација ќе влијае?
Се зависи од тоа колку притисок ќе се изврши врз администрацијата на Обама од страна на Конгресот, од страна на македонската дијаспора за да се постигне тоа. Дефинитивно гледаме дека има волја од страна на Конгресот да извршува притисок и веќе имаме добиено позитивни сигнали и од сенатори од конгресмени.
Вие сте претседател на Обединетата македонска дијаспора. Македонската лоби група брои 7 члена, грчката 139, сметате ли дека Македонија со овој распоред на силите во Конгресот има шанси да влијае врз администрацијата на Обама?
Видете, јас не би го гледал тоа така, поради тоа што групата е група на конгресмени кои цврсто ќе ја подржуваат Македонија без разлика на која тема. Е сега да дадам споредба, во ноември 2010-та година, 19 конгресмени и 4 сенатори испратија писмо до Обама за подршка на Македонија, а истата година само 32 конгресмени испратија писмо до Обама поддржувајќи ја грчката страна, така што, ако го споредуваме тоа, македонското лоби е доволно цврсто за да изврши некаков притисок, но проблемот е што во 2010-та не беше моментот, не ја имавме пресудата од Хаг и мислам дека сега ќе добиеме многу повеќе поддршка, но треба активно лобирање од страна на дијаспората и од страна на дипломатскиот кор на Македонија во сите места.
Дали добивата некаква поддршка од дипломатскито кор од Македонија, како дијаспора и како лоби група?
Ние сме невладина, непартиска, неполитичка организација, така што имаме постојано контакт со дипломатскиот кор, но сепак ние го преставуваме гласот на дијаспората, но ќе помогнеме во се што можеме за Македонија, особено сега за НАТО-самитот во Чикаго, кој е токму во државата каде ние живееме тука во Америка.
Во ноември 2010-та година, 19 конгресмени и 4 сенатори испратија писмо до Обама за подршка на Македонија, а истата година само 32 конгресмени испратија писмо до Обама поддржувајќи ја грчката страна, така што, ако го споредуваме тоа, македонското лоби е доволно цврсто за да изврши некаков притисок.Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.