Достапни линкови

Реафирмирана американската поддршка за Македонија


Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собранито на Македонија.
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собранито на Македонија.

Во рамките на посетата на Скопје, американските конгресмени се сретнаа со пратеници, координатори на опозициските партии, претседатели на парламентарни комисии и со членови на парламентарниот институт.

Делегацијата американски конгресмени која ја завршува посетата на Македонија и денеска ќе оствари средби во насока на својата заинтересираност за поддршка на развојот на ефикански институции во земјава и продлабочување на соработката со републичкото Собрание.
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собранието на Македонија
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собранието на Македонија

По средбата со претседателот на Собранието и координаторите на опозициските партии, конгресмените ќе ја посетат општина Гази Баба каде што неодамна беа отворени двете канцеларии на пратеници од Собранието кои ќе бидат отворени за комуникација со граѓаните.
По средбата со претседателот на Собранието и координаторите на опозициските партии, конгресмените ќе ја посетат општина Гази Баба каде што неодамна беа отворени двете канцеларии на пратеници од Собранието кои ќе бидат отворени за комуникација со граѓаните.

Ова е дел од заедничкиот проект на Институтот за парламентарна демократија, ЗЕЛС и Собранието на Република Македонија во кој со финансиска поддршка учествува и УСАИД. Во рамките на својата посета на Скопје тие имаа голем број средби со македонски пратеници, координаторите на опозициските партии, претседатели на парламентарни комисии и со членови на парламентарниот институт.

Како што нагласиле на вчерашните средби со премиерот Груевски и со претседателот Иванов, целта на нивната посета на Македонија е реафирмација на поддршката на САД на Република Македонија. При тоа неизбежно била пренесена благодарност од наша страна за неодамнешната иницијатива поддржана од 54 конгресмени за прием на Македониоја во НАТО на претстојниот самит во Чикаго.
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собрание на Македонија.
Делегација на Конгресот на САД на средба со пратениците во Собрание на Македонија.

Средбата е исклучително значајна поради тоа што се случува во исклучително важен период за остварување на стратешките цели на земјава, им порачал како што се информира од неговиот кабинет, претседателот Иванов. Членовите на американскиот конгрес биле запознати и со пресудата од Меѓународниот суд и со надежите врзани за самитот на алијансата во Чикаго.

Од премиерот Груевски биле информирани не само за стратешките цели на земјава во поглед на интеграциите во меѓународните организации, туку и за привлекувањето странски инвестиции, спроведувањето на Рамковниот договор и одржувањето на меѓуетничките односи, како и борбата против организираниот криминал, корупцијата, реформите во судството. Исто така како што беше соопштено од кабинетот на премиерот, конгресмените биле информирани и околу спорот за името и обидите за негово надминување.

Делегацијата од американскиот конгрес од 2005 година ја промовира програмата „Дом за демократско партнерство“ која поддржува развој на ефикасни институции и во рамките на програмата соработува со 16 држави во светот.
XS
SM
MD
LG