Почнувањето на амбасадорскиот мандат на Аиво Орав, дијалогот на високо ниво со ЕУ што треба да отпочне овој месец, како и престојот на заменик претседателот на владата за европски прашања Теута Арифи денеска и утре во Брисел, се настани во кои експертите гледаат намера на ЕУ, посебно на делот за проширувањето, да додаде нова енергија, во, како што оценуваат, подзаспаната кандидатура на Македонија. Некои од овие случувања се планирани од порано а други намерно се направени да бидат во овој период, оценува професор Стево Пендаровски.
„Се работи во еден најголем дел за иницијатива на Брисел, кој сака од своја страна да ги поттикне локалните власти тука, односно владата во Скопје да почне да размислува малку и за евроинтегративниот процес, бидејќи нивната проценка во последната година е дека практично на тој план ништо не се случува во Македонија.“
Пендаровски го свртува вниманието и на според него многу важниот факт дека во Брисел секој пат е битна регионалната димензија на интеграциите. Ако Србија доби кандидатски статус, ако се очекува Црна Гора да почне преговори во јуни, тогаш логично е и земјава која има кандидатски статус од поодамна да не биде оставена без било каква формална инцијатива. Во тоа светло, аналитичарите на евроинтегративните процеси ја толкуваат иницијативта на ЕУ да почне нешто што како што како што оценуваат, личи на претпристапен дијлог, иако тоа не е во формална смисла дијалог како што го имаат другите земји кандидати.
„Инструментот кој до сега не бил познат во европските интеграции сега се применува за Македонија за на
неформален начин да се подбутне и таа да тргне кон Брисел кога веќе неколку други држави од регионот имаат приближно добар рекор од своите ангажмани на тој план.“
Комесарот за проширување Штефан Филе доаѓа за десетина дена во Македонија кога почнува дијалогот на високо ниво со ЕУ. Тоа е потсетување за земјава дека мора да ги исполнува преземните обрски околу реформите.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу порачува дека приоритет на македонската влада треба да остане добивањето на преговори, но во меѓувреме да се искористи дијалогот на високо ниво што го предложи Брисел.
„Дијалогот на високо ниво ќе биде дел од патоказите затоа што ќе се отвараат и преговори за одредени сфери, кои сектори во државата треба да продолжат со реформите, значи им се дава уште едно охрабрување не само се реши проблемот со името туку и да не заостануваат реформите.“
Доаѓањето на комесарот за проширување Штефан Филе е само неколку дена пред официјалното стапување на Орав на функцијата шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија и посетата на вицепремиерката Арифи во Брисел.
Естонскиот дипломат го презема амбасадорското место кое повеќе од шест месеци беше испразнето, откако неговиот претходник Петер Соренсен замина на нова должност во Босна и Херцеговина. Вицепремиерката Арифи денеска ја презентира Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, 2012 година пред претставниците на Европската комисија.
Се работи во еден најголем дел за иницијатива на Брисел, кој сака од своја страна да ги поттикне локалните власти тука, односно владата во Скопје да почне да размислува малку и за евроинтегративниот процес, бидејќи нивната проценка во последната година е дека практично на тој план ништо не се случува во Македонија.Стево Пендаровски, професор.
„Се работи во еден најголем дел за иницијатива на Брисел, кој сака од своја страна да ги поттикне локалните власти тука, односно владата во Скопје да почне да размислува малку и за евроинтегративниот процес, бидејќи нивната проценка во последната година е дека практично на тој план ништо не се случува во Македонија.“
Пендаровски го свртува вниманието и на според него многу важниот факт дека во Брисел секој пат е битна регионалната димензија на интеграциите. Ако Србија доби кандидатски статус, ако се очекува Црна Гора да почне преговори во јуни, тогаш логично е и земјава која има кандидатски статус од поодамна да не биде оставена без било каква формална инцијатива. Во тоа светло, аналитичарите на евроинтегративните процеси ја толкуваат иницијативта на ЕУ да почне нешто што како што како што оценуваат, личи на претпристапен дијлог, иако тоа не е во формална смисла дијалог како што го имаат другите земји кандидати.
„Инструментот кој до сега не бил познат во европските интеграции сега се применува за Македонија за на
Дијалогот на високо ниво ќе биде дел од патоказите затоа што ќе се отвараат и преговори за одредени сфери, кои сектори во државата треба да продолжат со реформите, значи им се дава уште едно охрабрување не само се реши проблемот со името туку и да не заостануваат реформите.Алберт Мулсиу, аналитичар.