Откако Србија доби кандидатски статус и тоа по пат на постигнатиот компромис во дијалогот со Приштина, на сите, па и на македонските власти им е совршено јасно дека патот кон Европската унија има само еден клуч, а тоа комромисот, се главно коментарите кај македонските политички партии.
„Тоа пакажува дека во политиката се исплатува мудроста, а не тврдоглавоста. Праксата покажува дека секаде каде што имало демократски амбиент и власт која гледала да ги реши проблемите низ дијалог, проблемите се решавале“, изјави Андреј Петров од опозицискиот СДСМ.
Но, во Македонија, како што посочува тој, владее политичка елита која не би ризикувала да го вложи својот рејтинг и со тоа да ја плати неопходната цена во секоја демократија за носење на тешки одлуки.
„Јасно и е на Македонија, јасно му е и на Никола Груевски. На Никола Груевски болно му е нешто друго, дека со тој компромис ќе го изгуби рејтингот што го има и нема да ги добие изборите“, додава Зијадин Села од ДПА.
За владејачката ДУИ, најновата вест од Брисел покажува дека меѓународната заедница нема двојни стандарди кога станува збор за исполнување на критериумите за членство, но и дека одредени жртви и компромиси се неопходни на тој пат.
Договорот Белград - Приштина го смета за пример и за Македонија како да го одблокира својот евроинтегративен пат. Бујар Османи се надева дека оваа порака ќе стаса до сите партии во земјава и ќе се соберат сили да се повлечат потези за долгорочната перспектива на македонските граѓани. При тоа не мисли дека македонскиот проблем е повеќе или помалку несовладлив во однос на српско-косовскиот пример.
„Државотворниот капацитет на една политика се покажува токму преку надвладување на моменталните емоции кои ги има едно прашање, тоа мислам дека го направија Белград и Приштина, тоа треба да го направиме и ние.“
Александар Спасеновски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека одблокираниот пат на Србија кон ЕУ ќе фрли позитивна светлина и врз надминувањето на македонско-грчкиот спор и особено дека ќе испрати порака дека блокадите не се решение кое што помага во интегрирањето на балканските народи во Европа.
„Се надевам дека овој политички исход ќе биде добар политички сигнал кој ќе биде разбран пред се од Грција дека блокадите на евроинтегративните патишта на Македонија не се решението.“
Македонија со добра волја преговара со Грција, додава Спасеновски, и тоа го покажува со иницијативата да се реализираат, како што вели, последните средби на македонските власти со високи грчки претставници. Тука веројатно мисли и на вчерашната средба Груевски - Пападимос од која што се уште не се познати детали, но која по ништо не ветуваше поместување од мртвата точка, а двете страни, според соопштението, повторно се уверувале дека се посветени на процесот за решавање на спорот во рамките на ОН.
Тоа пакажува дека во политиката се исплатува мудроста, а не тврдоглавоста. Праксата покажува дека секаде каде што имало демократски амбиент и власт која гледала да ги реши проблемите низ дијалог, проблемите се решавале.Андреј Петров, СДСМ.
„Тоа пакажува дека во политиката се исплатува мудроста, а не тврдоглавоста. Праксата покажува дека секаде каде што имало демократски амбиент и власт која гледала да ги реши проблемите низ дијалог, проблемите се решавале“, изјави Андреј Петров од опозицискиот СДСМ.
Но, во Македонија, како што посочува тој, владее политичка елита која не би ризикувала да го вложи својот рејтинг и со тоа да ја плати неопходната цена во секоја демократија за носење на тешки одлуки.
„Јасно и е на Македонија, јасно му е и на Никола Груевски. На Никола Груевски болно му е нешто друго, дека со тој компромис ќе го изгуби рејтингот што го има и нема да ги добие изборите“, додава Зијадин Села од ДПА.
Се надевам дека овој политички исход ќе биде добар политички сигнал кој ќе биде разбран пред се од Грција дека блокадите на евроинтегративните патишта на Македонија не се решението.Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.