Достапни линкови

Може ли Македонија без НАТО и ЕУ?


Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.

Интеграција во НАТО и ЕУ или вртење кон неврзаните земји, Русија или Кина. На македонските власти е оставено да проценат дали може да ја платат цената понудена за името.

Прилично јасните и директни пораки што ги упатија генералниот секретар на НАТО, Расмусен и амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс кои освен дека без решение за спорот за името Македонија не треба да се надева на членство во Алијансата содржеа и конкретни повици до премиерот Груевски за поголема флексибилност и прагматизам како и повикување на позитивните примери од регионот за постигнување компромис, што, како што рече Волерс, подразбира попуштање во име на решавање на поголеми проблеми.
Да посветуваме силно внимание на економскиот развој, да развиваме повеќе односи со неврзаните земји, со Руската Федерација, да развиеме посилни односи со Кина, со Индија.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

Ваквите изјави, за поранешниот дипломат Ристо Никовски за првпат покажуваат дека решението за македонско грчкиот спор лежи во Брисел и во Вашингтон и се добри за да покажат дека Македонија нема перспектива во НАТО и во ЕУ во блиска иднина па според тоа треба да подготви нова стратегија и да бара алтернативни патишта која би била, според Никовски, во ширење на надворешно-политичкиот ангажман до создавање реални услови да се
Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер и со амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс,18 јануари 2012
Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер и со амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс,18 јануари 2012
продолжи со интеграциите.

„Да посветуваме силно внимание на економскиот развој, да развиваме повеќе односи со неврзаните земји, со Руската Федерација, да развиеме посилни односи со Кина, со Индија“, вели Никовски.

Според него, за Македонија останува длабок, иако засега нереален интерес, да стане членка на овие две организации исто како што и земјава
Во оваа ситуација она што може да направат македонските политички елити е да седнат и да проценат дали имаат можност да ја платат цената понудена за името и тука е решението.
Ризван Сулејмани, политички аналитичар.

останува висок интерес на овие организации за зачленување во нив со оглед на безбедносната важност од тоа.

Во ваквата јасно поставена ситуација, којашто и за политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани на некој начин значи отварање на меѓународно политичките карти што се однесува до Македонија, но и до визијата за целиот Балкан, нашата држава, имајќи ги на ум деликатните внатрешно-политички односи, треба да одговори и на таквите прашања.

„Сега треба да го постави прашањето - Дали има можност Албанците и Македонците да се договорат, дека ако мора да се живее без НАТО и ЕУ, дека тоа нема да значи дека Македонија ќе влезе во некоја непринципиелна коалиција со некоја друга сила, што Албанците не би ја прифатиле“, појаснува Сулејмани.

Што се однесува до европските и евроатланстките перспективи на земјава тие се очигледно, особено во новонстаната ситуација во голема мера детерминирани од економскиот терет којшто за Унијата го создава Грција што никако не создава состојба во која Македонија може да биде разбрана за својот проблем во период кога плаќа висока цена за спас на Грција.

„Во оваа ситуација, она што може да направат македонските политички елити е да седнат и да проценат дали имаат можност да ја платат цената понудена за името и тука е решението“, вели Сулејмани.

На Македонија е оставено да одлучи дали е подготвена да плати извесна цена за својот напредок но во моментов е очигледно дека македонските политичари не се подготвени да го сторат тоа, заклучува Сулејмани, што го прави решението нереално во овој момент.
XS
SM
MD
LG