Достапни линкови

Македoнијa на маргините! - заради Грција?


Додека земјите од Балканот влечат државнички потези и се приближуваат кон ЕУ, Македонија останува на маргините во регионот.

Доколку и Србија направи исчекор во евроинтеграцискиот пат со навестеното добивање кандидатски статус на министерскиот совет во Брисел, тоа Македонија ја фрла дополнително на регионалните маргини со оглед на очекувањата својот статус во поглед на интеграциите наскоро да го подобрат и други држави во регионот како што се Црна Гора па дури и Косово. Македонија ќе се најде во еден засилен регионален контраст и изолација, вели професорот Стево Пендаровски.
Во регионална и во континентална смисла ја изолира Македoнијa затоа што тоа е вториот државнички, не е сосема обичен политички потег, туку државнички потег и договор, после оној од пред неколку години меѓу Хрватска и Словенија кои ги деблокираа евронитеграциите на Хрватска и таа е практично веќе членка таму, тоа дополнително ја фрла Македонија на регионалните маргини.
Стево Пендаровски, професор.

„Во регионална и во континентална смисла ја изолира Македoнијa затоа што тоа е вториот државнички, не е сосема обичен политички потег, туку државнички потег и договор, после оној од пред неколку години меѓу Хрватска и Словенија кои ги деблокираа евронитеграциите на Хрватска и таа е практично веќе членка таму, тоа дополнително ја фрла Македонија на регионалните маргини.“

Пред неколку дена Белград и Приштина постигнаа договор за регионално претставување на Косово, што и го отвори патот на Србија за добивање кандидатски статус за членство во Унијата, откако на претходниот состанок во декември Советот го одложи изјаснувањето наведувајќи дека Белград претходно треба да направи прогрес во спроведувањето на спогодбите утврдени во текот на дијалогот со
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски
Приштина.

Политикологот Владимир Божиновски смета дека македонскиот билатерален спор, којшто е пречка за евроинтеграциите, не може да се спореди со оние коишто ги имаа Хрватска и Словенија и Србија и Косово па дека поради тоа и не може да се очекува каков и да е напредок
Во случајот Србија-Косово имаше расположение од двете страни да најдат компромис, а Грција во моментот не гледа никаква корист за себе од решавање на тој спор.
Владимир Божиновски, политиколог.
во тој поглед.

„Не можам да го изедначам она што се случи со Србија и Косово и она што се случи со Хрватска и Словенија. Во случајот Србија-Косово имаше расположение од двете страни да најдат компромис, а Грција во моментот не гледа никаква корист за себе од решавање на тој спор.“

Во Македонија не постои ниту идеја произлезена од какви и да е стручни тимови, интелектуалци или политичари којашто би можела да биде основа за откочување на процесот, додава Божиновски.

Македонија е заглавена во обвинување на другата страна. На овој начин само покажува дека е аутистична и неподготвена за државнички потези, коментира Пендаровски, затоа што мора да се земе предвид дека Србија се решава на ваков договор на два месеци пред одржување на парламентарните избори во земјата, што може да и донесе само негативни поени на актуелната гарнитура. Во Македонија, како што додава, се случуваат обратни процеси, се работи само за сопствениот рејтинг и не подалеку од еден политички мандат.
XS
SM
MD
LG