Достапни линкови

Македонија не е приоритет за Данска


Знамињата на ЕУ и на Данска.
Знамињата на ЕУ и на Данска.

Македонија не е во приоритетите на данското претседателство со ЕУ. Власта бара Данска да се води според својата максима за проширувањето „секому според заслугите“. Опозицијата, пак, побара ЕУ да не крева раце од Македонија. Данскиот амбасадор Торбен Брил ги претстави приоритетите на данското претседателство пред собраниската комисија за европски прашања.

Одговорна, динамична, безбедна и зелена Европа, ова се приоритетите на данското претседателство со Европската унија во првата половина од оваа година.
ќе направиме се што можеме за да се дојде до позитивна одлука за оваа држава исто така, во моментот кога ќе бидеме во позиција да го надминеме сегашниот проблем кој досега го спречува напредокот од аспект на преговорите.
Торбен Брил, амбасадор на Кралството Данска задолжен за Македонија .


Престојните шест месеци Данска ќе ги посвети на работење за единство во ЕУ и за Унија која создава резултати за своите граѓани, рече амбасадорот на Кралството Данска задолжен за Македонија со седиште во Виена, Торбен Брил, пред собраниската комисија за европски прашања.

Пред данското претседателство исто така е и економската криза во Унијата, работењето на повеќегодишната финсиска рамка на ЕУ, односно буџетот од 2014 до 2020-та година. Данска планира да работи и на зголемувањето на вработеноста, како и на проширувањето на Унијата.

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и амбасадорот на Кралството Данска задолжен за Македонија Торбен Брил.
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и амбасадорот на Кралството Данска задолжен за Македонија Торбен Брил.
​Данскиот амбасадор вели дека проширувањето е многу важно и важно е тоа да има одредено темпо и да се заснова на заслугите.

„Што се однесува на Балканот, имаме амбиција земјите да ги приближиме кон исполнување на нивната европска перспектива, да
Кај македонската јавност се создава впечаток кој мислам дека може да биде опасен и штетен и за нас и за ЕУ, дека и земјите членки на ЕУ полека дигаат раце од Македонија.
Радмила Шеќеринска, СДСМ.
го поставиме тонот на проширувањето на ЕУ во иднина, ќе направиме се што можеме за да се дојде до позитивна одлука за оваа држава исто така, во моментот кога ќе бидеме во позиција да го надминеме сегашниот проблем кој досега го спречува напредокот од аспект на преговорите.“

Данска, врз основа на препораките од ЕК, за време на своето претседателство ќе треба да дискутира и евентуално да одлучи за понатамошни чекори за Србија и Црна Гора.

Македонија не е ни спомната и ова е разочарување за сите оние кои сакаат да ја видат Македонија како дел од ЕУ, вели пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ. Таа вели дека е свесна оти едно претседателство не може да направи чуда, но сепак смета дека земјата заслужува образложување зошто не е ни спомната.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ,2009
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ,2009

„Кај македонската јавност се создава впечаток кој мислам дека може да биде опасен и штетен и за
Вие исто така треба да пренесете до вашата Влада и до надлежните кои се занимаваат со претседавањето, дека за да се одржи таа подршка и тој ентузијазам за членство во Унијата, мора секоја земја кандидат без разлика на тоа колку е мала или голема, да го добие тоа што го заслужила.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

нас и за ЕУ, дека и земјите членки на ЕУ полека дигаат раце од Македонија. Како што и јас и многу мои колеги го критикувавме нашиот премиер кога во своите изјави покажа дека тој кренал раце од членството на Македонија во ЕУ, меѓутоа верувајте граѓаните на Македонија не кренале раце од тоа членство.“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ очекува од Данска во однос на проширувањето да се владее според својата максима „секому според заслугите.“

„Вие исто така треба да пренесете до вашата Влада и до надлежните кои се занимаваат со претседавањето, дека за да се одржи таа подршка и тој ентузијазам за членство во Унијата, мора секоја земја кандидат без разлика на тоа колку е мала или голема, да го добие тоа што го заслужила, за да може кредибилитетот на процесот на претседавање и проширување да биде на задоволително ниво.“

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Хајрула Мисини вели дека со оглед на финасиската криза во ЕУ, е свесен дека не можат да се посветат во целост на проширувањето, но тоа е битно и затоа на Балканот му е потребна подршка за евроинтеграциите.

„За евроинтеграцијата на регионот, одговорност сносат и нашите европски партнери, кои мониторираат, асистираат и сугерираат во овој многу битен процес за нашата земја и за регионот и јас мислам дека без интеграција на регионот не може да зборуваме за целосен, успешен и завршен процес во ЕУ.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG