Достапни линкови

Европа дава, ние не трошиме


Македонија може да ги изгуби европските пари од ИПА фондовите. Поради нестратешко планирање на проектите, голем дел од парите за изминатите години не се потрошени.

Се намалува искористеноста на ИПА фондовите во Македонија, европски пари наменети за транзициска помош и институционална надградба, прекугранична соработка, рурален развој, регионален и развој на човечки ресурси. Програмирањето е завршено, но парите не се трошат, посочува програмскиот директор за ЕУ при Фондацијата Институт отворено општество Македонија, Фани Каранфилова Пановска:
Проблемот на нестратешко планирање на потребите односно нестратешко планирање на нашиот развој како држава ќе не доведе во ситуација да од парите во следните години , 2011, 2012-та особено и 2013-та нема да може да ги потрошиме, нема да може брзо да ги поделиме за одредени проекти што може да се случи Македонија да изгуби дел од тие средства.
Фани Каранфилова Пановска, Фондација Институт отворено општество.

„Целата ИПА помош заклучно со 2011-та година е практично испрограмирана, кога зборуваме за програмирањето, а кога зборуваме за трошењето се случува следното: парите од ИПА 2007-ма година околу 50 проценти проектите не се завршени, односно парите не се потрошени, иако во најголем дел договорите за трошење на парите се потпишани.“

Упатените на неколку наврати посочија дека е потребно долгорочно планирање на трошењето на европската помош, имено дека со европските пари не може да се прават планови од денеска за утре. Поради ваквиот проблем на нестратешко планирање може да изгубиме дел од парите, посочува Пановска

„Проблемот на нестратешко планирање на потребите односно нестратешко планирање на нашиот развој како држава ќе не доведе во ситуација да од парите во
Дел од ИПА фондовите се наменети и за рурален развој
Дел од ИПА фондовите се наменети и за рурален развој
следните години , 2011, 2012-та особено и 2013-та нема да може да ги потрошиме, нема да може брзо да ги поделиме за одредени проекти што може да се случи Македонија да изгуби дел од тие сретства. “

Засега не е голем ризикот, но постои можност за неуспех во повлекување на пари во иднина, вели Пановска

„Владата се уште успева да изнајде начини како да ги резервира парите,
Едноставно, ако земја како Република Македонија која сака да биде членка на ЕУ, мора да се однесува како една членка која во иднина ќе придонесува кон добробитта на Унијата.
Здравко Савески, професор.
но таквото задоцнето реализирање на досегашните средства ќе се рефлектира во иднина кога ќе треба истите тие институции кои се уште не почнале да трошат пари од 2008-ма, а се за нив наменети ќе треба да трошат пари и од 2009, 2010, 2011 и евентуално од 2012-та и тогаш нормало нашиот слаб апсорпционен капацитет во изминатите 4 години ќе се рефлектира врз трошењето на парите во следните 4 години.“

Каква политичка порака испраќа се` помалата искористеност на европските пари кои, грубо кажано, се наменети за „европеизација“ на општеството? Политикологот Здравко Савески вели дека Македонија мора да се однесува поангажирано за да остави впечаток на одговорна идна членка на Унијата:

„Едноставно, ако земја како Република Македонија која сака да биде членка на ЕУ, мора да се однесува како една членка која во иднина ќе придонесува кон добробитта на Унијата.“

Вреди да се спомене и неофицијалната информација дека во една прилика при повлекувањето на европската помош, македонските власти наводно ангажирале компанија која се наоѓа на црната листа на Унијата, поради што, како што се дознава од Брисел, парите од помошта биле повлечени.
XS
SM
MD
LG