Поради недоволен административен капацитет, Македонија слабо користи пари од европските фондови, па постои опасност државата да ги изгуби средствата и дел од нив да и бидат дадени на Србија. Ова беше посочено на трибината „Каде се европските пари“, организирана од МКЦ во Битола.
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование вели дека во европскиот извештај сега првпат се споменува дека постои опасност да ги изгубиме средствата.
„Загрозени се средствата од 4-та и 3-та компонента од ИПА. Тоа значи дека ако ги програмирате парите во 2007-ма година за три години тие мора да се пуштат во оптек. Ако не, ги губите зашто нема пренамена на европскиот буџет. Оваа година децидно стои дека имаме проблем со користењето на парите од ИПА 2007, тоа повлекува дека ќе бидат загрозени парите од 2008. Другите држави на Балкан користат средства од 2011-та година.“
Џевдет Хајредини, економски експерт и поранешен министер за финансии, вели дека Македонија, наместо да ги искористи неповратните европски средства, зема кредити од Светска банка.
„За разлика од Македонија, Србија се оценува дека има административен капацитет. Постои опасност, тие средства според пропозициите на институциите од Европа, доколу некојa од државите не ги користат, може да ги користи друга држава. Со такво барање се јави Србија пред Европа, бидејќи Македонија не ги користи, дајте ни ги ние сме спремни да ги користиме“, вели Хајредини.
Според него, европските пари треба да се искористат за инфраструктурни проекти, пред се за активирање на Коридорот 8, зашто постои железница до албанската и бугарската граница. До денес овие точки не се поврзани, што би значело инфраструктурно поврзување на Црното и Јадранското Mоре.
Загрозени се средствата од 4-та и 3-та компонента од ИПА. Тоа значи дека ако ги програмирате парите во 2007-ма година за три години тие мора да се пуштат во оптек. Ако не, ги губите зашто нема пренамена на европскиот буџет.Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.