Средбата има за цел унапредување на соработката за остварување на заедничката цел, влез во ЕУ, рече домаќинот на состанокот насловен „Европските предизвици на земјите од Западен Балкан“, Теута Арифи. Таа вели дека регионалната соработка е неопходна затоа што на тој начин ќе се договорат заедничките перспективи и начинот како побрзо да се дојде до целта, односно влез во ЕУ.
Иако на средбата биле поканети сите министри одговорни за евроинтеграции од земјите од Западен Балкан, во последен момент посетата ја откажал гостинот од Србија, Божидар Ѓелиќ.
Арифи вели дека се надева оти во скоро време ќе се надминат недоразбирањата помеѓу Косово и Србија и сите претставници ќе седнат на иста маса.
Премиерот Груевски рече дека сите земји се соочуваат со свои предизвици, но како ќе бидат надминати зависи од сопствените потенцијали. Груевски се надева дека ЕУ ќе го вреднува сето она што Македонија го направила за спроведување на реформите.
„Ние работиме и секоја година сме поблиску до целта. Ќе продолжиме и понатаму да ги спроведуваме стандардите на ЕУ. Македонија е подготвена и ќе биде чесно и фер ЕУ да и овозможи датум за почеток на преговорите“, рече Груевски.
Стефано Санино, кој е директор на Генералниот секретаријат за проширување на ЕК, вели дека само со добар однос, соработка и помирување, земјите од Западен Балкан ќе се интегираат во ЕУ.
„Се надеваме дека е можно наскоро да добиете и датум за преговори“, рече Санино.
Известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит, пак, вели дека ЕУ ги почитува различностите на земјите од Западен Балкан, но луѓето треба конечно да научат да живеат едни со други и да градат заедничка иднина.
После обраќањето на претставниците од ЕУ, на премиерот Груевски и на министерката Теута Арифи ќе следува панел дискусија која ќе биде затворена за јавноста. Не е предвидено од овој состанок да произлезе некој документ, но Арифи се надева дека ќе произлезе заеднички заклучок за тоа како понатаму.
Ние работиме и секоја година сме поблиску до целта. Ќе продолжиме и понатаму да ги спроведуваме стандардите на ЕУ. Македонија е подготвена и ќе биде чесно и фер ЕУ да и овозможи датум за почеток на преговоритe.Никола Груевски, премиер на РМ.
Арифи вели дека се надева оти во скоро време ќе се надминат недоразбирањата помеѓу Косово и Србија и сите претставници ќе седнат на иста маса.
Премиерот Груевски рече дека сите земји се соочуваат со свои предизвици, но како ќе бидат надминати зависи од сопствените потенцијали. Груевски се надева дека ЕУ ќе го вреднува сето она што Македонија го направила за спроведување на реформите.
„Ние работиме и секоја година сме поблиску до целта. Ќе продолжиме и понатаму да ги спроведуваме стандардите на ЕУ. Македонија е подготвена и ќе биде чесно и фер ЕУ да и овозможи датум за почеток на преговорите“, рече Груевски.
Се надеваме дека е можно наскоро да добиете и датум за преговори.Стефано Санино, директор на Генералниот секретаријат за проширување на ЕК.