Достапни линкови

Јанчевски - Државата не им ги јаде кредитите на фирмите


Интервју - Ѓорѓи Јанчевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:20 0:00

Интервју - Ѓорѓи Јанчевски

Парите кои банките ги пласираат во благајнички записи и во државни записи се воглавно краткорочни пари, кои не би можеле да ги дадат како станбен кредит или да ги дадат на некоја фирма за подолгорочен кредит, вели претседателот на Здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Јанчевски, кризата во соседна Грција создава загриженост меѓу граѓаните за можни негативни последици во работењето на дел од банките во Македонија кои имаат грчки капитал. Дали се оправдани ваквите стравувања?

Во неколку наврати во мои изјави и од другите директори на банки и од гувернерот на Народна банка беше кажано дека банките со странски капитал, конкретно со грчки капитал, во Македонија работат согласно законот за банки на Република Македонија и согласно тој закон, нивната изложеност кон еден акционер, во конкретен случај не знам дали е НБГ или Алфа, не може да биде повеќе од 10 отсто од капиталот. Од законот произлегува дека банките кои имаат странски инвеститори не се многу изложени кај матичните куќи, така што граѓаните можат да бидат сигурни, парите не се надвор, туку парите се во Македонија и се пласирани во македонските компании и кај граѓаните.

Дали намалувањето на каматните стапки на кредитните линии е знак дека пазарот во Македонија станува побезбеден? Кои се тие фактори кои придонесоа за ваквото намалување?

Па, доколку се работи за странски кредитни линии, одлучувачки фактор е нели рејтингот на државата, бидејќи рејтингот го дефинира нели ризикот на државата, рејтингот на банката. Тоа што Македонија во последно време добива ниски кредитни линии, како што беше оваа од Европска инвестициона банка, на некој начин покажува дека Република Македонија, за разлика од другите земји од опкружувањето или на Западен Балкан, е во подобра ситуација, бидејќи државата не е презадолжена, имаме ниска инфлација и имаме стабилна монетарна ситуација веќе подолг период, односно скоро 17 години да кажеме има стабилна финансиска ситуација во Република Македонија. Така што, сите овие фактори на некој начин делуваат на тоа Република Македонија овие странски кредитни линии да ги добива по пониски каматни стапки.

Што е со домашните банки?

Со домашните пари, во моментот, односно подолг период, банките се доста ликвидни. Цената на капиталот обично на домашниот пазар е дефинирана од понудата и побарувачката и од конкуренцијата, што значи ако има поголема понуда, каматните стапки ќе паѓаат. И конкуренцијата и борбата за што поголем пазарен удел на некој начин влијае и на тоа каматните стапки да паѓаат, што е некој тренд веќе втора година, поготово откако паднаа цените на благајничките записи на пониско ниво. На некој начинин тие ја дефинираат да кажеме и цената на капиталот во Република Македонија, тие се на накој начин и референтна каматна стапка.

Дел од економистите сметаат дека натпреварот за клиенти меѓу државата со државните записи и Централната банка со своите благајничките записи го намалува колачот и на капиталот на банките кој е достапен за населението. Дали тоа претставува клучен фактор за достапноста на кредитите до населението и за висината на каматните стапки?

Не, не претставува клучен фактор, бидејќи банките, парите кои ги пласираат во благајнички записи и во државни записи, тоа се воглавно краткорочни пари, кои не би можеле нели да ги дадат како станбен кредит или да ги дадат на некоја фирма за подолгорочен кредит, затоа што согласно одлуките на Народна банка треба да постои избалансираност во поглед на рочноста, односно, поедноставно кажано, во зависност од рочноста на депозитите, толку може да бидат и пласманите. Што значи дека не може краткорочните средства да се пласираат на 10 години, бидејќи тоа носи одредени ризици во работењето на банката затоа што ако клиентот што ги депонирал парите во банката ги побара, а веќе тие се пласирани, банката може да има ликвидносни ризици. Така што, она што банките го пласираат во овие краткорочни хартии од вредност не влијае на тоа да банките не пласираат кај фирмите и кај населението, особено сега кога таа каматна стапка е доста ниска, односно 4 отсто. Досега ни една фирма не добила каматна стапка од 4 отсто, бидејќи пониските каматни стапки од домашни извори се нели околу 6 до 8 или 9 отсто, она што го даваме на фирмите, а кај граѓаните нели она што даваме како станбен кредит, од 6 до 10 отсто. Така што во секој случај на банките повеќе би им одговарало да прават пласмани кај фирмите и кај граѓаните него да ги даваат парите во државни записи или во благајнички записи.

Од една страна, порано имаше поплаки дека банките се премногу строги со приватниот сектор и не даваат кредити. Банките одговараа дека нема одржливи проекти кои би можеле да се финансираат со кредити затоа што се ризични. Како стои ситуацијата сега?

Добро, таа е вечна тема. Основна улога на банките е да собираат депозити и да даваат кредити. Банкарските принципи се универзални, сите банки даваат по исти принципи. Зависи од деловната политика на одредена банка дали ќе има поконзервативен пристап или пофлексибилен пристап. Поконзервативниот пристап значи подобра заштита за банката во поглед на обезбедување, во поглед на оценката на перформансите на фирмата, во поглед на оценката за проектот. Пофлексибилен простап обично имаат банки кои сакаат да го зголемат пазарниот удел и тие се пофлексибилни и со цената и со овие универзални банкарски принципи. Така што, не би се сложил со тоа дека банките не даваат кредити на фирмите, основна работа на банките е да даваат кредити. На некој начин бројките за минатата година кажуваат дека банките, на еден пораст на бруто домашниот производ кој се цени дека би бил негде до 3,5 отсто, зборуваме уште за оценка на порастот, затоа што статистика уште нема излезено со официјален податок, банките пораснаа со 9 отсто во кредитирање што значи дека банките не престанале да даваат кредити, но ситуацијата глобална ја гледаме, знаеме што се случува во светот, скоро цел свет е во рецесија, освен неколку земји кои имаат некој пораст на нивните економии. Таа рецесија се одразува и на реалниот сектор, така што и компаниите се воздржуваат од задолжување и нови кредити. На пример, ако на одредена компанија во Македонија и се намалуваат нарачките, сигурно дека таа компанија ќе размисли дали да влезе во нови инвестициони зафати или ќе причека некои подобри времиња. Она што сега се случува во светот на некој начин влијае и на работењето на банките и на работењето на фирмите. Кога е рецесија нормално е сите тие активности да бидат со понамален обем. Сепак сметам дека она што банкарскиот сектор го оствари како пораст кај кредитирањето од 9 отсто е значаен и на некој начин докажува дека банките не престанале да кредитираат и се уште не сме толку рестриктивни како што може да се сретне во медиумите.

Ако кризата во еврозоната се прелее во реалниот сектор во Република Македонија, дали може да се очекува намалување на кредитирањето?

Тоа се надоврзува на онаа претходно што го кажав, кризата е веќе во реалниот сектор, кризата е во еврозоната како еден од најзначајните наши партнери, ќе има влијание и на реалниот сектор, тоа значи дека реалниот сектор ќе има помал обем на работење, ќе се воздржува од нови инвестиции и ќе се воздржува од задолжување бидејќи не ќе може тие задолжувања да ги покрие во иднина ако има намален обем на работа.

Во моментов актуелна е кампањата „Купи куќа, купи стан“. Како го проценувате ризикот од така наречени токсични кредити имајќи ја предвид инфлацијата, куповната моќ на населението.

По мене тоа е добра кампања, бидејќи на одредена категорија на млади луѓе им овозможува да дојдат до станови по најефтини каматни стапки. Факт е дека трендот на лоши пласмани благо се зголемува иако е би рекол се уште во границите на дозволеното, конкретно банкарскиот сектор минатата година имаше околу 9,8 проценти НПЛ-ови односно Non Performing Loans. Од тоа кај фирмите беше 11,1 процент, кај населението беше 7,7; во Тутунска банка ненаплатените долгови беа 7,8 , нефункционалните кредити беа 7,8 вкупно, кај фирмите беше 9,9; кај населението 4,7. Што значи дека овие бројки укажуваат на тоа дека се уште износот на нефункционални кредити не е толку висок за да влијае на кредитирањето на населелнието, повеќе е прашање дали населението има уште кредитна способност да се задолжи, или што би значаело за населенето во улови на рецесија кога луѓето би ја изгубиле работата а со тоа и кредитната способност и тоа преставува соодветен ризик за нив, така да мислам дека нема да се одрази на оваа кампања затоа што таа зафаќа еден сегмент на населението кое досега не ги исполнувало уловите за кредитирање или ја немало таа кредитна способност согласно условите на банките, сега нели со помош на државата со двата модела на некој начин на тие луѓе им се овозможува да дојдат до кредитна способност согласно банкарските принципи и да дојдат до поефтини станови.

Податоците во Македонија покажуваа дека повеќе се штеди, барем како што јавуваат медиумите. Зошто е тоа така, посебно ако се има предвид инфлацијата што значи поголемо трошење и по таа логика би се очекувало подјадување на заштедите наместо нивно зголемување.

Традиционално Македонците се народ кој штеди, конкретно порастот на штедењето кај населението минатата година беше 9 проценти. На некој начин Македонија беше меѓу тие земји на Блаканот покрај Турција кои бележеа позитивен раст, што значи дека иако се плашевме од 2011 таа испадна добра за Македонија затоа што првите два квартали имаше пораст преку 5 отсто, третиот беше три и нешто, што значи дека се уште штом имаме пораст на БДП тоа е сигнал дека нас не не удри толку кризата, тоа го кажуваат овие бројки во банкарскиот сектор ако го немаме оној динамичен раст кога банкарскиот сектор растеше и по 30 и нешто посто сега се сведе на 9 посто, на некој начин укажува дека се уште има резерви кај луѓето и веројатно она што викаме оние пари што се под перници и тие се појавуваат од време на време.
XS
SM
MD
LG